„Среќни сме да објавиме дека лидерите на Косово и на Србија ќе се сретнат во Белата Куќа за да разговараат на 2-ри септември“ напиша тој на Твитер во четвртокот вечерта без да објави други детали.
Косовскиот претседател Хашим Тачи исто така одговори преку Твитер.
„Се радувам на најавениот состанок во Белата Куќа на кој ќе се преговара меѓу Косово и Србија. Ние сме им благодарни на САД за огромната посветеност за мирот и стабилноста на регионот“ напиша тој.
Премиерот на Косово Авдулах Хоти на Фејсбук напиша дека САД секогаш имале клучна улога во градењето на косовската држава.
Разговорите во Белата Куќа првично беа најавени за 27 јуни, но Тачи ја откажа посетата на Вашингтон три дена претходно зашто специјалното хашко обвинителство поднесе обвинение против него и други косовски лидери за воени злосторства и злосторства против човештвото.