Линкови за пристапност

„Ковид летот“ ги менува протоколите за заштита од Ковид-19 во Северна Македонија и Финска


Од 157 патници на летот за Турку, Финска, двајца се македонски државјани и нема потврда дека тие се меѓу 24те заболени. Летот ги менува мерките за заштита но и протоколите во двете држави. Задолжителен ПЦР тест и при транзит низ државата но и тестирања и карантин за сите кои влегуваат во Финска

СКОПЈЕ – „Ковид летот“ кој полета од Скопје и слета во Турку, Финска, ги откри слабостите во системот за превенција на ширењето на коронавирусот во Северна Македонија но и во скандинавската држава. Во саботата навечер, при рутинска контрола на патниците на овој лет, финските власти открија дека 24 од вкупно 157 патници се носители на Ковид-19 што веднаш ги вклучи алармите.

Надлежните веднаш инфромираа дека само двајца патници во авионот биле македонски државјани, 95 биле со косовски патни исправи а 60 биле фински државјани. Сепак засега не е позната листата на позитивните патници и од која држава тие потекнуваат.

„Министерството за здравство по проверка на информациите со службите од Скопскиот аеродром и граничната полиција информира дека станува збор за патници, иселеници, коишто доаѓаат во Македонија, или транзирираат преку Македонија од различни причини, а потоа се враќаат на работа во Западна Европа, за коишто со дозвола за престој или државјанство од ЕУ не важат рестрикциите при влез и излез од земјата.Според добиените податоци во посочениот лет најголем дел од патниците патувале со косовски пасош -95 лица, фински пасош - 60 лица, а двајца се со македонски и по еден со албански, бугарски, естонски и шведски пасоши“, соопштија од министертвото.

Од Институтот за јавно здравје пак инфромираа дека ниту еден патник од овој лет не е регистриран во базата на позитивни случаи со Ковид-19 во нашата земја, што значи немаат решение за изолација како позитивни од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Останува нејасно и како сите 24 заболени ја минале термалната камера поставена на скопскиот аеродром.

Министерот Филипче истакна дека доколку некој има решение за изолација, а во овој случај немало, тогаш одговорно е Министерството за внатрешни работи за да се спроведува таа контрола.

„Меѓутоа тоа не е очигледно сценарио, не знаеме сè уште доволно податоци. Повторно ќе кажам прво дали се наши и фински државјани со 2 пасоши, со двојно државјанство граѓани или станува збор за државјани на Косово. Кога ќе ги имаме овие информации, се надевам во текот на денот можеме да ја имаме целосната слика за тоа што се случило“, рече Филипче.

Овој случај ги посочи слабостите во системот за заштита во Македонија.

На почетокот на јули, по рапидното зголемување на бројот на заболени во регионот, Владата донесе одлука според која државјаните на Косово, Србија и Босна и Херцеговина мора да прилот негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа, при влез во државата.

Неколку дена подоцна беше донесе и одлука според која граѓаните од овие три држави, доколку само транзитираат низ Северна Македонија, не треба да приложат негативен ПЦР тест туку мора да покажат билет доколку летаат од скопскиот аеродром и да потпишат изјава во која се обврзуваат дека ќе ја напуштат државата во рок од три часа. Во спротивно ќе бидат испратени во задолжителен двонеделн државен карантин кој самите ќе го платат. Во одлуката нема никаква регулатива за тоа дали на државјаните од овие три земји кои транзитираат треба да им се мери температура при влез во државата.

Министерот Филипче најави дека утре на состанокот на Комисијата заразни болести ќе бара да се воведат задолжителни ПЦР тестови и за странските државјани кои само ќе транзитираат низ државата.

„Оние работи коишто ги истражувавме денеска укажаа на тоа дека многу наши граѓани коишто имаат и друго државјанство брзале да се вратат за да не ги изгубат своите работни места, па во земјите во коишто влегуваат, влегуваат со тамошните пасоши. Има многу можности за да вакви работи да кажам провлечат. Затоа, ќе разговараме утре и за транзитните ПЦР тестови, но сепак би ја почекале дефинитивната листа на 24 имиња, заради тоа што е суштински различно дали станува збор за наши државјани или државјани на Косово“, изјави Филипче.

По саботниот лет и финските власти ја менуваат стратегијата. Задолжителен негативен ПЦР тест за државјаните од ризичните земји кои влегуваат во Финска и двонеделен карантин е предлогот на Криста Киуру, министерка за семејни работи и социјални услуги во Владата на Финска.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG