Линкови за пристапност

Помпео патува во Европа


Државниот секретар ќе ги посети Прага и Пилсен во Чешката Република, Љубљана во Словенија, Виена во Австрија, и Варшава во Полска, од 11-ти до 15-ти август.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео започнува еднонеделно патување во централна Европа со застанување во вторник во Чешката Република каде е планирано да има говор и работна вечера со Министерот за надворешни работи Томас Петричек.

Помпео исто така ќе посети музеј што ја комеморира улогата на САД во ослободувањето на регионот за време на Втората светска војна.

Патувањето на највисокиот американски дипломат доаѓа во време кога администрацијата на Трамп бара начин за конфронтирање на на руската и кинеската економска и геополитичка конкуренција во Европа.

Помпео ќе ги посети Прага и Пилсен во Чешката Република, Љубљана во Словенија, Виена во Австрија, и Варшава во Полска, од 11-ти до 15-ти август.

Тој ќе биде првиот државен секретар од 2011 што ќе ја посети Словенија, каде ќе потпише Декларација за 5Г технологија додека Вашингтон се спротивставува на ризиците со „инфилтрирањето во високо-технолошките мрежи“ во регионот од страна на комунистичка Кина.

Патувањето доаѓа во време кога Пентагон се подготвува за реализирање на планот за повлекување на околу 12.000 американски трупи од Германијани нивно прераспоредување во Полска и други НАТО членки.

XS
SM
MD
LG