Линкови за пристапност

Трамп на кратко изведен од брифингот во Белата куќа откако се слушнале истрели


Тајната служба потврди дека едно лице било застрелано во близина на Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп беше набрзина изведен од брифинг пред новинарите во понеделникот попладне од агент на американската Тајна служба заради пукање надвор од зградата.

Неколку минути подоцна тој се врати на подиумот и рече дека „имало пукање и некој бил пренесен во болница“.

Истрелите дошле од Тајната служба, рече претседателот.

Машки субјект и припадник на Тајната служба „биле превезени во локална болница“, се вели во соопштение издадено од Тајната служба. „Во ниеден момент за време на инцидентот комплексот на Белата куќа не бил пробиен ниту пак оние кои биле штитени во неа се нашле во опасност“.

Два истрели биле слушнати барем од еден новинар кој бил во собата за брифинг.

„Слушнав два иистрелии брзо едноподруго токму кога Вие застанавте на подиумот“, му рече известувачот од Белата куќа за Фокс Њуз, Џон Робертс, на претседателот кога Трамп го запраша новинарот што слушнал.

Според Одделот за пожар и итна медицинска помош на Дистриктот Колумбија, нивните единиции одговориле на лице кое било застрелано во горниот дел на телото. Пукањето се случило во близина на 17-та улица и Авенијата Пенсилванија во северозападниот квадрант.

Претседателот кажа дека ситуацијата „изгледа дека е сосема под контрола“.

„Вие бевте изненадени, јас исто така бев изненаден“, им рече Трамп на новинарите, додавајќи дека бил одведен во Овалната канцеларија.

„Сакам да се заблагодарам на Тајната служба. Тие се фантастични“, рече Трамп и додаде дека не е сигурен дали односниот инцидент „е во врска со мене“.

Претседателот рече дека воопшто не се двоумел дали да се врати на брифингот.

XS
SM
MD
LG