Линкови за пристапност

88 новозаболени и шест жртви од коронавирусот во последното деноноќие


Скопје останува најголемото жариште во државата а активни случаи нема само во два града, Валандово и Пехчево. Според анализата на Институтот за јавно здравје и во текот на минатата недела продолжил трендот на намалување на бројките на новозаболени и на починати а зголемување на бројката на оздравени

88 новозаболени, 113 оздравени пациенти и шестмина починати е билансот од епидемијата на коронавирусот во последното деноноќие во Северна Македонија. Најголем број од новите случаи се регистрирани во Скопје- 23, потоа се Струга со 11 и Штип со 10 а новозаболени се регистрирани во уште 17 града низ дражавата. Во последните 24 часа се направени 1507 тестирања а 5,8 отсто се позитивни што е далеку најнизок процент во последните месец дена.

Од почетокот на епидемијата борбата со вирусот ја загубија 511 пациенти.

„Починати се 6 лица, две пациентки од Скопје (56г. и 75г.), пациент од Куманово (91г.), пациент од Гостивар (64г.), пациент од Тетово (82г.) и пациент од Штип (58г.) Сите пациенти се починати во болнички услови“, соопштија од министерството за здравство.

Од 26 февруари, кога беше регистриран првиот случај на заболен во државата, регистрирани се 11.289 заболени од кои 7.221 се одзрваени а како активни се водат 3.557 случаи.

Гледано по градови, Скопје останува најголемото жариште во државата со 1.303 активни случаи и седум општини во кои има над 100 заболени граѓани. Троцифрени бројки на заболени има и во Штип - 443 , Гостивар - 288, Куманово – 262, Тетово - 212, Струга – 187, Свети Николе – 134 и Кичево каде има 109 заболени.

Активни случаи во нема само во два града - Валандово и Пехчево.

Во моментов хоспитализирани се 383 лица.

Во Инфективната клиника има 88 пациенти од кои 51 се на кислородна поддршка а еден е приклучен на респиратор. Во болницата во Козле има 11 возрасни пациенти, пет деца како и двајца пациенти кои се суспектни на вирусот.

Во Градската болница се хоспитализирани 79 пациенти од кои четворица се приклучени на респираторна машина.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 29, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 124 пациенти - позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Според анализата на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и во текот на минатата недела продолжил трендот на намалување на бројките на новозаболени и на починати и раст на бројката на оздравени пациенти како во домашни така и во болнички услови.

Во периодот од 27 јули до 2 август регистрирани се 912 заболени што е за 4,6 отсто помалку од перидот од 20 до 26 јули кога имаше 956 нови случаи . Направени се 9.709 тестирања а просекот на позитивни тестови е 9,4 отсто за разлика од 10 отсто неделата претходно.

Новозаболени има во 28 града низ државата а нјамногу се во Скопје – 27,9% во градот кој е насјголемото жариште во државата трета недела по ред процентот опаѓа. Минатата недела Штип со 12,2отсто и Гостивар со 11,2отсто од вкупниот број на нови случаи се критичните градови во државата.

Највисока инциденца на 100.000 жители има во Штип 1.655,5. Во Свети Николе е 1.106,7 на 100.000 жители, Ресен - 892,9 на 100.000 жители, Скопје со 795,8 на 100.000 жители, Куманово - 763,9 на 100.000 жители, Дебар со 742,2 на 100.000 жители, Струга- 673,5 на 100.000 жители и Тетово со 529,1 на 100.000 жители.

Инциденца со над 250 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Охрид, Гостивар, Демир Хисар, Прилеп, Пробиштип, Велес, Македонски Брод и Кичево

Повторно најголем број на заболени се над 60 години – 22,9 отсто а зголемување има кај старосната група од 30 до 39 години каде се регистрирани 19,4 отсто од 912 те заболени. Речиси идентичен процент на заболени има кај старосните групи 50 – 59год -17,8 отсто и 40 – 49год -17,9 отсто.

Од вкупниот берој на новодијагностицирани 136 лица, или нешто над 15 отсто се хоспитализирани.

Во периодот од 07 јули до 2 август 1.032 пациенти го добиле и вториот негативен тест што е за речиси 40о лица повеѓе од неделата претходно а битката со вирусот ја загубиле 29 пациенти.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG