Линкови за пристапност

Исаијас уби шестмина долж источниот брег на САД


Ураганот Исаијас коj ги погоди САД уби шестмина долж источниот брег откако донесе обилни врнежи и силни дождови. Се очекува да исчезне во четврток рано наутро над југоисточниот дел од Канада.

Американскиот национален метеоролошки центар соопшти дека бурата ослабела и станала пост тропски циклон во вторникот попладне.

Метеоролозите очекуваат бурата да донесе меѓу 2 и 7 сантиметри дожд во југоисточна Канада а ветровите драстично да се намалат.

Исаијас навлезе на копното во Северна Каролина во понеделникот како ураган од прва категорија. Како што се движеше на север губеше од силата, но предизвика поплави, откорнати дрвја и проблеми во снабдувањето со електрична енергија.

Исаијас предизвика торнадо кое уби двајца во Виндзор, Северна Каролина. Една жена од Меканиксвил во Мериленд загина откако врз нејзиниот автомобил паднало дрво, а уште еден човек загина во Квинс во Њујорк откако ветриштата втурнаа дрво во неговото комбе. Падната гранка уби уште еден човек во Делавер, а друг загина во Пенсилванија откако надојдените води го однеле неговиот автомобил.

Торнада се појавија и во Делавер, Мериленд, Њу Џерси и Вирџинија.

Неколку деца се здобија со помали повреди кога ветрот откорна покрив во градинка во Филаделфија.

XS
SM
MD
LG