Линкови за пристапност

Трамп даде рок од 45 дена да се постигне договор за продажба на Тик Ток


Мајкрософт соопшти дека ќе ги продолжи разговорите за купување на популарна апликација „Тик Ток“ од кинеската компанија „ByteDance“.

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп се согласи да му даде рок од 45 дена на Byte Dance да преговара за продажбата, соопштија во неделата две лица запознаени со ова прашање.

Мајкрософт, кој има за цел да заврши со разговорите до 15 септември, објави соопштение по разговорот помеѓу извршниот директор Сатја Надела и Трамп.

Во него се вели дека ќе обезбеди сите приватни податоци на американските корисници на Тик Ток да се пренесат и да останат во САД.

Компанијата додаде дека не може со сигурност да се каже дека ќе се постигне договор.

Преговорите на двете компании ќе бидат надгледувани од Комисијата за странски инвестиции во САД, американски владин панел кој има право да блокира каков било договор.

Претходно во неделата, државниот секретар Мајк Помпео за „Фокс њуз“ изјави дека Трамп наскоро ќе преземе акција. „Претседателот Трамп кажа „доволно“ и ние ќе го решиме тоа. Тој ќе преземе акција во наредните денови во однос на широк спектар на ризици за националната безбедност за софтверот поврзан со кинеската комунистичка партија“, изјави Помпео.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG