Линкови за пристапност

Иран ја прикривал статистиката за Ковид-19


Стапката на смртност е три пати повисока отколку што официјално било известено, вели анонимен извор

ББЦ вели дека нивниот Персиски сервис добил протечени документи од анонимен извор што индицираат дека Иран не ја кажувал вистинарио со нивните информации за Ковид 19.

На пример, ББЦ вели дека смртните случаи во блискоисточната држава биле близу три пати повеќе отколку што тврдел Иран -- 42.000 смртни случаи до 20-ти јули, а не како што тврдело Министерството за здравство 14.404.

Слично на тоа, стапката на инфекции била дупло поголема. Министерството за здравство известило за 278.827, но документите до кои дошле во ББЦ регистрирале 451.024 инфекции.

Како дополнение на тоа, првиот смртен случај од Ковид-19 во Иран се случил на 22-ри јануари, според лекарските извештаи што ги добиле во ББЦ, иако Иран не пријавил смртен случај од Ковид-19 речиси еден месец подоцна.

Со или без статистички прикривања, ББЦ вели дека Иран останува најтешко погодена држава со инфекции од Ковид-19 на Блискиот Исток.

Анонимниот извор на медиумскиот конгломерат му кажал дека ги споделува документите да „фрли светлина на вистината“ за да ги прекине „политичките игри“ што ја опкружуваат пандемијата со коронавирус.

XS
SM
MD
LG