Линкови за пристапност

Честит Илинден- Ден на Републиката!


Граѓанско помирување, заедништво, едно општество за сите и борба против коронавирусот беа клучните пораки во обраќањата на политичарите и државниот врв

Мечкин Камен, Скопје и Пелинце беа трите места на кои се одржаа официјалните прослави на најголениот државен празник - Илинден. 117 години од Илиденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ. Претседателот Стево Пендаровски, техничкиот премиер Оливер Спасовски и делегацијата на Собранието предводена од потпретседателот Гиран Мисовски во своите обраќања испратија пораки за граѓанско помирување, заедништво, едно општество за сите и борба против коронавирусот.

Претседателот Стево Пендаровски, традиционално го посети меморијалниот центар „АСНОМ“ во Пелинце од каде порача дека граѓанското помирување е основен услов за функционирање на демократско плурално општество.

Во ерата на националните романтизми и национализми, Илинден, рече претседателот, беше и остана симбол на неспорно изрзената волја за своја држава, заснована врз републикански и демократски начела и слободниот живот на сите етнички и верски заедници во неа.

„Нивната визија за меѓуетничка и меѓурелигиска кохабитација реализирана во денешната Репубика Северна Македонија како заедничка татковина на нејзините граѓани обединети околу принципите на слободата, човековите права, демократијата и солидарноста“, рече претседателот Пендаровски.

За Пендаровски, освен животниот стандард, нашите главни проблеми се тоа што не сме сите еднакви пред законот, нефункционалната администрација, високата корупција и неефикасното судство а тие не е само пречка за побрзо интегрирање во ЕУ, туку се главна пречка нормален живот на граѓаните во пристојно уредена држава.

„Наште граѓани со право се разочарани кога гледаат дека обвинителството кое беше симбол на сите наши надежи за расчистување со организираниот криминал се распадна како последица на тоа што и самото стана дел од организираниот криминал. Секоја злоупотреба на функцијата, секој злоупотребен денар од јавните финансии, секој наместен тендер, секое влечење на судските постапки со години, секое малтретирање на граѓаните во административните коридори се причина повеќе за одлуката за заминување од државата на многу млади луѓе, за затворање или преселба на бизниси во други држави и за енормно зголемување на фрустрациите и радикализација на граѓаните“, рече претседателот.

Тој истакна дека овој Илинден се прославува во посебни услови, светот е зафатен од пандемијата на коронавирусот, која донесе страдање на милиони луѓе се заканува целосно да го промени начинот на живот, посочувајќи дека слободата на движење како цивилизацикса придобивка денеска е потешко оставрилива дури и од времето пред почетоците на патувањата.

„Здравствената криза,која одамна премина во економска, политичка, и морална криа во светот, рече претседателот, ќе биде со нас многу месеци и сериозно ќе го лимитира нашиот развој и аспирациите за подобар живот. Зато ќе мора како држава што побргу да најдеме начин како да ја обезбедиме социјалната правда и да ја поттикнеме економската активност и развој без да влегуваме во вртлогот на финансиско задолжување и неконтролирано зголемуавње на јавниот долг“ изјави Пендаровски

Тој нагласи дека веднаш по неговиот избор кажал дека една од неговите главни определби е помирувањето, за кое денес рече убеден е дека ни е потребно повеќе од кога било во историјата, како независна држава.

„Сечија етничка и партиска припадност мора да се почитува без исклучок, меѓутоа партизирањето и етнизирањето на институциите го поткопува нивниот демократски капацитет и легитимитет и на краток и на долг рок. Тогаш кога ќе научиме дека политиката е битка на идеи, а не борба на живот и смрт и дека од промената на власта не смее да зависи остварувањето на правата и слободите на секој граѓанин дури, тогаш ќе имаме вистински демократска држава, посочи претседателот“, порача Пендаровски.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски ги честиташе двата настани Денот на Републиката – Илинден и АСНОМ, во кои, како што рече, е собран континуитетот на создавањето на македонската државност.Денес, рече тој, славиме празник и во чест на сите генерации наши сограѓани и сограѓанки кои во нашата слободна држава го вградуваа својот сопствен придонес за да стоиме гордо пред државното знаме и гордо да го зборуваме својот мајчин македонски јазик.

„Нека ни е честит и вечен 2 Август – Денот на Републиката. Нека ни се честити и вековити Илинден и АСНОМ. Денеска во главниот град на нашата држава во Пелинце и во славно Крушево одбележуваме и славиме два настана во кој е собран континуитетот на создавањето на македонската државност“, рече Спасовски на свеченоста по повод Илинден на скопско Кале.

Како дел од НАТО, нагласи тој, како неизоставен дел од безбедносниот штит на најмоќниот воен сојуз во светот, Северна Македонија стана фактор на стабилност во регионот, извозник на безбедност и земја во која граѓаните и децата имаат сигурна иднина.

„Во духот на нашите илинденци подадовме рака за соработка со сите наши соседи и ја стекнавме нивната доверба. Преку овој отворен пристап се реализираа Договорот од Преспа со Грција и договорот за добрососедство со Бугарија. Благодарение на овие договори Северна Македонија од лош пример се претвори во успешна приказна. Таа стана светла точка на Балканот“, рече Спасовски.

На Мечкин Камен делгацијата на Собранието ја предводеше потпретседателот Горан Мисовски, бидејќи спикерот Џафери беше спречен поради здравствени проблеми.

Во својот говор тој истакна дека Северна Македонија секогаш била мултиетничка имултиконфесионална средина и се осврна на преговорите со Европската Унија и потребата од функционални и одговорни институции.

„Сме имале, а веројатно и понатаму ќе имаме предизвици на патот на зацврстување и унапредување на демократизацијата и напредокот на Република Северна Македонија. Меѓутоа, едно е сигурно, а тоа е дека сите до еден, без разлика на политичката провиниенција, веруваме во европската перспектива на нашата земја и сите до еден тежнееме кон тоа да ја исполниме и втората стратешка цел од независноста на државата, а тоа е да станеме дел од големото европско семејство.Во овој контекст, потребни ни се функционални и одговорни институции кои ќе можат да испорачаат видливи и ефективни резултати кои ќе бидат во линија со преговарачката рамка од Европската комисија, за да можеме да ги отвораме поглавјата за членство во Европската унија“, рече Мисовски.

Во своето обраќање тој изрази увереност дека ќе ја надминеме и победиме пандемијата на Ковид - 19 и им се заблагодари на здравствените работници за исклучителната професионалност, посветеност и несебичност што здравствените работници ја покажаа сиот овој изминат период.

Честитика до граѓаните упати и спикерот Талат Џафери како и лидерите на политичките партии, Зоарн Заев, Христијан Миоцкоски и Али Ахмети.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG