Линкови за пристапност

Тропската бура Исаиас е деветто најрано имeнувано невреме за Атлантикот


Невремето ги зафати Карибите, а до викендот може да стигне до Флорида, во САД

Tропската бура Исаиас ги зафати Карибите откако се формираше во близина на Порторико во средата вечер.

Исаиас стана деветто најрано именувано невреме откако се води евиденција за Атлантикот, засенувајќи го рекордор од 15 години што го држеше Ајрин, кое се формираше на 7-ми август 2005.

Предупредувања за тропска бура е во сила за поголемиот дел на Карибите, вклучувајќи го Порторико, американските и британските Девствени Острови, Сент Мартин, Доминиканската Република, Хаити, островите Туркс и Каикос и делови од Бахамите.

Големи дождови, нагли поплави и силни ветрови се очекуваат денеска на Девствените Острови и во Порторико.

Сегашниот пат на тропската бура Исаиас може да го однесе невремето кон јужната американска држава Флорида до викендот.

Во очекување на невремето, Дивизијата за вонредни ситуации на Флорида објави дека сите тестирања за коронавирус поддржани од државата ќе затворат денес попладне заради безбедност на тестираните и оние кои го изведуваат тестирањето. Агенцијата вели дека очекува повторно отворање на овие локации до следната среда.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG