Кина вели дека ја преземала контролата врз поранешниот конзулат на САД во југозападнниот град Ченгду, како одговор на затворањето на кинескиот конзулат во Хјустон, Тексас, минатата недела.
Министерството за надворешни работи објави дека конзулатот ги затвора вратите во 10 часот изутрина по локално време, и неколку моменти подоцна група официјални лица влегле во зградата и ја презеле локацијата.
Американската амбасада во Пекинг приредила збогување со објектот во Ченгду со ретроспективно видео постирано на Твитер.
Пред затварањето, силно обезбедување го опкружило конзулатот во неделата додека персоналот се подготвувал за заминување.
Кина тврди дека дел од персоналот во конзулатот изведувал активности што не се во согласност со нивниот идентитет.