Линкови за пристапност

Управен суд одби половина од тужбите на Алијанса и Алтернатива


Партијата Левица достави 101 тужба до судот.Тужба доставија и партиите Интегра и СДУ. Судот има законски рок од 60 часа по приемот на тужбата да донесе одлука

СКОПЈЕ - Уставниот суд одби 40 од поднесените 75 тужби на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива кои се однесуваа на гласањето на десетите предвремени парламентарни избори што се одржаа минатата недела. Колаиицјата вчера ги достави тужбите откако Државната изборна комисија (ДИК) ги одби сите приговори кои беа поднесени од Колаицијата но и од другите политички партии кои учествуваа на изборите.

Од Алијанса и Алтернатива велат дека се сомневаат оти на голем број избирачки места се впишани луѓе кои се починати или во странство кои гласале и бараат судот да им дозволи увид во избирачките списоци и кутии.

„Да се отвори една единствена кутија во Кичево и да се види дали лицата кои гласале дали се во Македонија или дали се живи. Тоа е наето единствено барање. Несфатливо ево сите општини каде што изгубивме на овие избори да има значителен број помалку гласачи од 2016 година а само во општина Кичево имаме повеќе гласачи. Ние знаеме дека на денот на изборите гласале луѓе по повеќе пати на исто избирачко место, гласале лица за гласачи кои биле во странство и за починати граѓани. Така е направена разликата во мандати во корист на ДУИ“, изјави адвокатот Абедин Абдуи, правен застапник на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Денеска и партијата „Левица“ поднесе 101 тужба до Управниот суд против одлуките на ДИК, каде што имаше поднесено 1.982 приговори кои беа одбиени со образлоѓение дека не се потпишани од овластено лице.

„На триесет минути пред истекот на законскиот рок, правниот тим на Левица, до архивата на Управниот суд ги поднесе сите тужби против ДИК за сторените изборни нерегуларности, преку кои ни се украдени тројца пратеници. Сакаме да ја известиме јавноста дека образложенијата на побиваните решенија на ДИК се изработени на однапред подготвен шаблон за одбивање, без навлегување во спецификите на секој поединечен случај – што е недозволиво за една државна институција. Дотолку повеќе, просечното време на „решавање“ на ДИК по секој приговор е дури неверојатни 3 секунди – што е навреда за здравиот разум и за интелигенцијата на секој македонски граѓанин“, соопштија од партијата.

Оттаму додаваат дека очуваат Управниот суд да ги усвои тужбите и да го поништи гласањето во оспорените гласачки места, бидејќи истите влијаат врз вкупниот конечен резултат за респределба на мандатите.

Генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, најави дека заедно со коалицискиот партнер Алтернатива во понеделник ќе одржат протестен марш со пораката „Доста е“ за да го изразат револтот против „злоупотребата на гласовите и полнење на кутиите на изборите од страна на ДУИ“. Тој најави дека протестите со мотото „Избори ДА, крадење НЕ“, ќе почнат во понеделник во 18 часот од паркот во Чаир во Скопје и ќе ги организира коалицијата Алијанса-Алтернатива.

Таравари нагласи дека е извршенабрутална кражба на гласови во албанскиот блок, и затоа беа поднесени приговори до ДИК а потоа и тужби со Управниот суд за изборни прекршувања во петтата и шестата изборна единица и додаде дека со сомнева оти тужбите ќе бидат прифатени бидејќи и во Управниот суд, според него, имало судии блиски до ДУИ.

Рокот за поднесување тужби до Управниот суд е 24 часа откако политичките партии ќе ги добијат решенијата од Државната изборна комисија по приговорите за парламентарните избори, а судот пак има законски рок од 60 часа по приемот на тужбата да донесе одлука.

По носењето на одлукитена Управниот суд, ДИК ќе ги објави официјалните конечни резултати од предвремените парламентарни избори и ќе им издаде уверенија на избраните пратеници. Крајниот рок за одржување на конститутивната седница на Собранието е 4 август.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG