Линкови за пристапност

Епидемијата не стивнува - рекордни 241 новозаболен и 8 жртви во последното деноноќие


Штип повторно со голем број заболени. Во Свети Николе е критично. Во Скопје вирусот е широко распоространет и вон од евидентираните кластери

СКОПЈЕ - Рекордни 241 новозаболен се регистрирани во последното деноноќие во Северна Македонија. Здравствените власти соопштија дека се направени рекордни 1700 тестови од кои 14,18 отсто биле позитивни.

Во последните 24 часа, осум пациенти ја загубија биткака со вирусот со што бројката на починати се искачи на 414 лица.

„Починати се 8 лица, по двајца пациенти од Скопје, Тетово и Струга, еден пациент од Гостивар и еден од Струмица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст 59, 61 и 62 години.Во Градската болница „8 септември“ починаа четворица пациенти – двајца на возраст од 67 години и двајца 76 годишни пациенти. Во болницата Тетово е починат пациент на возраст од 66 години“, информираат од министерството за здравство.

Рекордните 241 нов случај се евидентирани во 23 града низ државата. Повторно најголем број се во Скопје - 73 нови случаи, но голем број е регистриран во Штип каде има нови 60 заболени и тетово каде во последните 24 часа бројката се зголеми за нови 32 случаи.

Единствено во Валадново и во Делчево нема заболени од Ковид-19.

Во моментов активни се 3.885 случаи. Од почетокот на епидемијата се регистрирани 9.026 заболени, од кои одзравени се 4.727 а во споледното деноноќие 51 лице.

Гледано по градови најголем број на заболени има во Скопје - 1.868. Во дури осум скопски општини бројката на заболени е троцифрена а најмногу се во Чаир. Она што загрижува е што според официјалните информации вирусот е широко распоространет низ градот и секојдневно се појавуваат нови случаи кои немаат никаква поврзаност со евидентираните кластери во градот.

„Во секој случај моменталната ситуација во Скопје не е добра. Ова е широко распоространета инфекција. Најчесто луѓето не знаат од кого ја добиле, што на крајот и веќе не е битно бидејќи се заразиле. Точно е дека се јавуваат нови заболени кои не се поврзани со кластери. Кластерите полесно ги детектираме и ги изолираме. Последните две недели линијатана заболени паѓа надоле, но според мене бавно, би сакал да паѓа побрзо. Се што направивме со овој вирус негативно не изненади. Сега за сега здравствениот систем одговара и може да одговори на предизвикот. Битно е да се почитуваат мерките за да се спречи растењето на бројките на заболени“, изјави Александар Стојанов, в.д. директор на Цетарот за Јавно здравје во Скопје

Критична е состојбата во Свети Николе каде денеска имаше 5 нови случаи но во градот сега има 169 жители позитивни на коронавирусот. Според епидемиолозите, вирусот потекнува од кластери во Штип и се прошири низ текстилните фабрики во Свети Николе кои сега се затворени.

Во Тетово има 325 заболени, во Штип по рапидното заголемување бројката на заболени сега е 272, во Куманово има 236 активни случаи. Тешка е ситуацијата и во Гростивар каде има 190 заболени, Струга со 170 и во Охрид каде има 116 активни случаи.

Во моментов хоспитализирани се 429 пациенти, позитивни и сомнителни на присуство на Ковид-19.

На Инфективната клиника се хоспитализирани 93 пациенти од кои 44 се на кислородна поддршка. Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 7 деца позитивни на вирусот. Во Градската болница „8 септември“ има 87 пациенти а петмина се на респираторна машина. Во болницата во Битола се хоспитализирани 35, а во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 131 пациент - позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG