СКОПЈЕ - Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ е победник на десетите предвремени парламентарни избори со освоени 46 пратенички мандати. Државната изборна комисија (ДИК) предмалку ги соопшти конечните неофицијални резултати од тридневното гласање во државата.
Според резултатите кои ги презентираше претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, опозициската ВМРО - ДПМНЕ освои 44 пратенички мандати, Демократската унија за интеграција во идниот парламент ќе има 15 пратеници, коалицијата Алијанса за албанците и Алтернатива има 12 мандати, Левица две пратенички места и Демократската партија на Албанците (ДПА) освои еден пратенички мандат.
Од вкупно запишаните 1.814.263 лица на десетите парламентарни избори своето право на глас го искористиле 942.334 гласачи а од нив 31.466 во гласачките кутии уфрлиле неважечки ливчиња.
Најголем број на гласови освои коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ, вкупно327.329 гласови или 35,9 отсто. По нив е опозициската ВМРО - ДПМНЕ која ја освои довербата на 315.344 гласачи или 34,59 отсто. Во албанскиот политички блок исто така блиски резултати меѓу двата главни опоненти. ДУИ освои 104.587 гласа односно 11,47 отсто а коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива - 81.297 гласови или 8,92 отсто. Во парламентот влегуваат уште две партии, Левица која на овие избори има 37.551 глас односно 4,12 отстои ДПА со освоени 13.891 глас.
Гледано по изборни единици, најголеми промени има во првата и во шестата единица. Во првата избора единициа каде најголемиот број на гласачи се жителите на главниот град Скопје, партиите од албанскиот политички блок успеаа да го дуплираат бројот на осовени мандати споредено со последниот изборен циклус, додека во шестката тоа го прави колаицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива.
Во првата (ИЕ1) и во шестата изборна единица (ИЕ6) СДСМ и коалицијата извојуваат победа над директните ривали ВМРО - ДПМНЕ која пак во ќе победи во третата изборна единица (ИЕ3). Во останатите единици овие две партии ќе освојат ист број на мандати.
Во првата изборна единица (ИЕ1) , коалицијата „Можеме“ има 54.578 гласа и 8 мандати. ВМРО ДПМНЕ има 50.564 гласа и 7 пратенички мандати. ДУИ со освоени 19.672 гласови има два пратенички маднати иско колку и Алијанса која ќе освоси 14.143 гласови. Левица со освоени 12.124 гласа добива еден пратенички мандат.
Во втората избиорна единица (ИЕ2) иако бројот на мандати што ќе го освојат партиите е идентичен, разликата во гласови е минимална. ВМРО ДПМНЕ има помалку од 100 гласа повеќе, додека ДУИ нешто над 1.300 во однос на Алијанса. „Можеме“ со освоени 47.852 гласа добива седум мандати, ВМРО - ДПМНЕ со 47.929 сеум мандати, ДУИ со освоени 22.078 гласови три мандати како и Алијанса која има 20.783 гласови.
Во третата изборна единица (ИЕ3) ВМРО ДПМНЕ има 71.551 глас и 10 пратенички мандати, коалицијата „Можеме“ 66.853 гласа и девет пратенички мандати и Левица која доби 6.939 гласови и еден мандат во Парламентот.
Во четвратата изборна единица резултат е изедначен иако едната партија има нешто над 2.500 гласови повеќе. Коалцицијата „Можеме“ доби 77.195 гласа и освои 10 мандати а за истиот број на мандати на ВМРО - ДПМНЕ му требаа 74.478 гласови.
Петата изборна единица (ИЕ5) повторно со нерешен резултат кај партиите од македонскиот блок но со убедливо водство на ДУИ во однос на Алијанса.Коалицијата „Можеме“ освои најголем број на гласови - 56.622 и осум пратенички мандати. За ВМРО - ДПМНЕ гласаа 55.159 гласачи и доби осум мандати. Со освоени 21.745 гласови ДУИ доби три мандати а Алијансата за Албанците која на своето конто имаше 10.716 гласови добие еден пратенички мандат.
Во шестата изборта единица (ИЕ6) ДУИ го има најголемиот број на гласови - 37.468 и мандати - 7. Алијансата за Албанците и Алтернатива со 34.450 гласа има шест мандати, коалицијата „Можеме“ освои 24.229 гласови и четири мандати, ВМРО - ДПМНЕ доби 15.663 гласови и освои два пратенички мандати и ДПА со 9.083 гласа го освои единствениот мандат во Парламентот.
На овие конечни неофицијални резултати од десетите парламентарни избори почнуваат да течат законските рокови за приговори. Партиите имаат право на приговор до ДИК во рок од 48 часа по објавување на првичните резултати а ДИК е должна да реши по приговорот во рок од 48 часа по приемот. Против одлуката на ДИК може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд на Република Северна Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием. Се на се една недела почнувајќи од вечерва.
Доколку гласањето се поништи на некое изборно место, во рок од 14 дена мора повторно да се организира гласање односно најдоцна до 29 јули.
Амбасадата на САД ги оцени изборите како значаен чекор кон демократијата .
„Го поздравуваме големиот напор на локалната изборна администрација, што овозможи наспроти предизвиците со тековната пандемија, изборите да бидат организирани со сите напори за заштита на здравјето и на гласачите и на лицата ангажирани во изборните центри и набљудувачите. Како први генерални избори одржани по влезот на Северна Македонија во НАТО и по поканата за започнување на преговори со ЕУ, од почетокот на годината, овие избори претставуваат значаен чекор кон демократијата“, соопштија од амбасадатапреку социјалната мрежа „Фејсбук“.
Оценката на ОБСЕ/ОДИХР е дека избореите беа добро организирани и покрај пандемијата со коронавирусот и генерално добро спроведени.
Facebook Forum