Линкови за пристапност

135 нови случаи и четири жртви во последното деноноќие


Минатата недела се регистрирани 1.073 заболени лица во вкупно 26 града низ државата што е за 156 повеќе споредено со неделата претходно. Од 6 до 12 јули, регистриран е рекорден број на оздравени лица - 1017 кои биле хоспитализирани или на домашно лекување

СКОПЈЕ - 135 новозаболени, четири жртви и 142 оздравени пациенти е билансот на епидемијата на коронавирусот во Северна Македонија во последното деноноќие. Бројката на пацинети кои ја загубијата битката со Ковид-19 е 389 а во моментов активни се 3.475 случаи.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка на возраст од 67 години. Еден пациент на 62 години, кој вчера од Кичево бил донесен во тешка општа состојба во болницата во Битола веднаш бил упатен на Инфективната клиника Скопје, но за време на транспортот починал. Во болницата во Охрид е починат пациент на 86 годишна возраст. Во болницата во Тетово е починат пациент на возраст од 72 години“, соопштија од министерството за здравство.

И денеска најголем број од новите случаи се регистрирани во Скопје - 76. Главниот град е најголемото жариште со вкупно 1.793 заболени. Во Тетово има 290 активни случаи, Куманово - 200, Штип - 181, Струга -163, Гостивар - 147 и во Охрид има 119 заболени лица.

На Инфективната клиника се хоспитализирани 88 пациенти а 53 се на кислородна поддршка. Во болницата во Козле се хоспитализирани 25 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5 деца позитивни и 1 дете суспектно на вирусот. Во радската болница „8 Септември“ има 83 пациенти а петмина се приклучени на респираторна машина. Во болницата во Битола се хоспитализирани 29, а во болницата во Штип се хоспитализирани 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 127 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Според официјалните податоци од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) минатата недела, од 6 до 12 јули,регистриран е рекорден број на оздравени лица - 1017 кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 404 лица или 40% повеќе од претходната недела односно од периодото 29 јуни до 5 јули.

Сепак минатата недела се регистрирани 1.073 заболени лица во вкупно 26 града низ државата што е за 156 повеќе споредено со неделата претходно. Најголем бројна нови случаи минатата недела се цо Скопје - 42.3%и Тетово со 8.9%. Од 1.073 нови случаи 42.6% имале контакт со лице кое било погтврдено како позитивно на присуство на коронавирусот.

„Од новозаболените во овој период најголем процент се лица над 60 години - 22,8%, поголем број новозаболени се регистрира кај лица помеѓу 30 и 39 години– 20,1%, потоа кај лица од 50-59 години - 19,3% и помеѓу 40–49 години – 18,8%. Најмал број на новозаболени има кај децата и тоа 0-9 години – 3.7%, и од 10-19 години – 3,3 % од вкупниот број на новозаболени“, информираат од ИЈЗ.

Минатата недела се хоспитализирани 114 заболени или 11,5 % штое за 2% помалку споредено со претходната недела.

Во периодот 6 до 12 јули, регистрирани се 36 смртни случаи, што е 10 помалку смртни случаи од претходниот период. Најголем дел од починатите се пацинети на возраст од над 60 години - 69,4% и сите освен еден се починати во болнички услови а кај 29 од починатилите или 80,6% серегистрирани претходни коморбидитети.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG