Линкови за пристапност

Пандемијата на Ковид-19 го влошува проблемот со гладот во светот


Обединетите нации соопштија во понеделникот дека минатата година 690 милиони луѓе низ цел свет биле неухранети, а дополнителни 83 до 132 милиони се изложени на ризик оваа година поради последиците од пандемијата на коронавирусот.

Над 2 милијарди луѓе немаат редовен пристап до безбедна храна


„Светскиот глад сè уште се зголемува - за 10 милиони луѓе за една година и 60 милиони за пет години“, рече Максимо Тореро Кулен, главен економист во Организацијата за храна и земјоделство (ФАО), која е една од петте агенции на ООН што го составија извештајот за гладот во светот.

„Над 2 милијарди луѓе немаат редовен пристап до безбедна, хранлива и доволно храна“, додаде тој.

Со скоро 13 милиони потврдени случаи во светот на КОВИД-19, додека бројот на инфекции се зголемува залихите на храна во некои делови на светот се веќе ниски.

„Ова е критично време“, рече Дејвид Бизли, шеф на Светската програма за храна, предупредувајќи на опасноста од масовен глад.

ОН сооштија дека бројот на недоволно ухранети лица се зголемил за 10 милиони помеѓу 2018 и 2019 година. Во извештајот се наведува дека конфликтите, климатските промени и економските забавувања се во најголем дел одговорни за влошувањето на производството на храна и пристапноста до неа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG