Линкови за пристапност

Од полноќ изборен молк, утре почнува гласањето на десетите парламентарни избори


За прв пат ќе се гласа три дена, во работни денови и изборите ќе траат до 21 часот. Епидемијата на коронавирусот делумно ги измени протоколите на текот на гласањето. Кампањата завршува а ја одбележаа т.н. „бомби“ кои наизменично ги објавуваа двете најголеми партии од македонскиот политички блок

СКОПЈЕ - За два часа почнува изборниот молк а веќе од утре наутро почнува гфласањето на десетите, овој пат предвремени, парламентарни избори во Северна Македонија. Партиите вечерва ги одржуваат завршните собири и трибини на кои ја претставуваат својата програма со што завршува дваесетдневната кампања.

Епидемијата на коронавирусот го измени ликот на кампањата но и гласачкиот процес. Мали собири и трибини и речиси секојдневни т.н. „бомби“ со снимани и прислушувани разговори беа обележје на оваа кампања.

За прв пат во земјава поради актуелната состојба со Ковид - 19, гласањето на изборите ќе се одвива три дена и тоа во работни денови.

Гласачкиот процес почнува иутре кога ќе гласаат лицата кои се позитивни на коронавирус и оние кои се во изолација а кои се пријавија да гласаат во законскиот рок. Станува збор за 716 лица позитивни на коронавирусот или во самоизолација во вкупно 57 општини во државата.Тие ќе гласаат во своите домови, а гласањето ќе го спроведе посебен избирачки одбор во кој ќе има здравствени работници и претставници на политичките партии.

Граѓаните кои во последните неколку дена завршија во изолација нема да може да го остварат своето право на глас.

Во вторник, на 14 јули ќе гласаат болните, немоќните, хронично болните, лицата во затворите, во старските домови и во домашен притвор. Според информациите од ДИК, од пријавени 9.499 болни, немоќни и хронично болни лица во Општинските изборни комисии (ОИК) прифатени се барањата на 8.852 лица кои согласно упатството на Комисијата поднеле соодветна медицинска документација за да докажат дека имаат потреба од гласање во сопствениот дом. Гласањето во вторник ќе го спроведат избирачките одбори. За споредба, на минатите избори пријавени за гласање биле3.540 болни и немоќни лица.

Во среда, на 15 јули,гласањето ќе започне од 7 часот, но ќе трае до 21 часот, односно ќе биде продолжено два часа подолго за разлика од претходните изборни циклуси. Право на глас имаат 1.814.263 лица. Ќе се гласа на 3.480 избирачки места во шесте изборни единици во земјата. Граѓаните ќе може да се изјаснат за 1.578 кандидати на 15 партии и коалиции. Во 90 гласачки места има помалку од 10 гласачи кои според Законот ќе можат своето право на глас да го остварат во најблиското гласачко место.

Поради пандемијата со коронавирусот, гласањето ќе се одвива според безбедносни протоколи за заштита на здравјето на граѓаните подготвени од Комисијата за заразни болести. Дел од избирчаките места се преместени а на нив во ист момент ќе може да гласаат онолку граѓани колку што има кабини во просторијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG