Линкови за пристапност

Касами: БЕСА ќе се залага конечно Македонија да влезе во ЕУ


Касами: БЕСА ќе се залага конечно Македонија да влезе во ЕУ
please wait

No media source currently available

0:00 0:06:02 0:00

Лидерот на Движењето Беса, Билал Касами во интервју за Гласот на Америка вели дека влегле во коалиција со СДСМ, за да помогнат Македонија што побргу да стане членка на ЕУ

Глас на Америка: За што ќе се залага БЕСА на овие парламентарни избори и зошто влеговте во коалиција со СДСМ?

Билал Касами: „БЕСА, ќе се залага конечно Македонија да влезе во ЕУ. Свесни сме дека формално за четири години тешко да се заврши целата работа, но сигурно сме дека кон крајот од четиригодишниот мандат, ние ќе го завршиме најголемиот дел од работата, за да следниот мандат кој и да дојде, само да го формализира членството во ЕУ, како што успеавме во претходниот мандат од позиција на опозиција, да бидеме клучни за влез во НАТО. Влеговме во коалиција со СДСМ, затоа што имавме едно искуство во делот на соработката на Движењето БЕСА со СДСМ, во делот на уставните измени, каде гласот на Движењето БЕСА, беше клучен и Македонија денеска е постабилна земја, 30-та земја членка на НАТО. Цениме дека можеме да делиме заеднички вредности како партии, а тоа е да бидеме членка на ЕУ, затоа што и Албанците и Македонците и сите етнички заедници во Македонија, вреди да бидат и да ги делат европските вредности“.

Глас на Америка: Како ја оценувате идејата на ДУИ за премиер Албанец, со која настапуваат за време на оваа кампања?

Билал Касами: „Прво мора да разјасниме, дека не се работи за премиер Албанец, туку се работи за предлогот на ДУИ, Насер Зибери да биде нивни предлог за иден премиер на Северна Македонија. Го цениме сето ова како предизборен трик, како предизборно движење на ДУИ, во моментот кога тие сфатија дека конечно Движењето БЕСА, како што ги преполови во 2016 година, од дваесет пратеници на десет, а сега ќе имаат уште едно преполовување и нема да бидат во можност да размислуваат, а не пак да бидат клучни за идните политички комбинаторики после изборите на 15 јули. Тие нека се подготвуваат за опозиција, а со пет пратеници прашање е дали ќе може да формираат и пратеничка група“.

Глас на Америка : Дали со евентуалното доаѓање на позицијата на премиер Албанец, може да дојде до влошување на меѓуетничките односи во државата?

Билал Касами: „Во никој случај. Јас ценам дека и Албанците и Македонците, како и сите етнички заедници имаат луѓе, имаат кадри со кои може да ја водат државата и да бидеме во европската фамилија на народи и држави. Но кога оваа голема идеја се предлага од една партија која 18 години создаваше само корумпирани кадри, а и самиот пример со Насер Зибери, покажува дека ДУИ, 18 години не успеа да создаде свој човек, со кој можат да се гордеат и да кажат пред целата јавност во Македонија дека еве ова е нашиот модел за успешен политичар и со овој можеме да ја водиме државата. Со самото тоа што се вратија на кадрите од просперитетот, кој изумреа пед десеттина година, покажува дека ДУИ, нема потенцијал, нема капацитет, а најмалку има воља да ја води државата во интерес на сите граѓани.Тие кога увидоа, дека конечно ќе одат во опозиција, излегоа со оваа идеја. Инаку јас ценам дека тоа ќе биде додатна вредност на Македонија, кога ќе има премиер дали Албанец, дали Турчин или од било која етничка заедница во Македонија“.

Глас на Америка : Кој е вашиот став околу актуелните случувања со пандемијата со Ковид 19, како и со економијата во државата која е во незавидна состојба и што предлагате вие?

Билал Касами: „Сигурно дека здравствениот систем не успеа до крај да биде на ниво на очекувањата на граѓаните. Ние затоа во тој правец во нашата предизборна програма како коалиција „Можеме“, предлагаме минимум околу 200 милиони евра да се инвестираат во здравството, за да имаме можност и за да можеме поуспешно да се справуваме со вакви ситуации. Што се однесува до економскиот дел, ценам дека тоа ќе биде најголемиот предизвик на идната Влада. Македонија успеа некако да се справи со моменталната ситуација особено од економски аспект, особено со сите овие мерки кои се во делот на подршка на широката побарувачка, но ценам дека следната Влада ќе треба сериозно да се справи со среднорочните и долгорочните ефекти од панедемијата“.

Глас на Америка: Што правите за поголема излезност на граѓаните на овие избори?

Билал Касами: „Ние сме свесни дека со поголемо собирање на луѓе може да се создаде поголема емоција, но за нас поважно од глас повеќе е да заштитиме еден живот повеќе. Ги молиме граѓаните на сите наши собри, иако состојбата е комплексна со Ковид 19, сепак е уставна и граѓанска обврска на 15 ти јули да излезат и да гласаат, затоа што идната Влада, ќе треба да се грижи за нивното здравје, за нивната економија, за Македонија полесно да се справи со целата оваа ситуација“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG