Линкови за пристапност

Досега над 130.000 починати од Ковид-19 во САД


САД предводат во светот и со вкупниот број на потврдени случаи, односно 2,9 милиони

Бројот на починати од Ковид-19 во САД се зголеми на над 130.000 лица, покажуваат податоците собрани од американскиот универзитет Џон Хопкинс.

САД предводат во светот не само во однос на бројот на смртни случаи од коронавирус, туку и со вкупниот број на потврдени случаи, односно 2,9 милиони.

Нацијата пријавува над 50.000 нови случаи дневно во текот на првата недела од јули, при што многу држави објавија рекордни дневни бројки.

Бројките ја поддржуваат изјавата од понеделникот на д-р Ентони Фаучи, врвниот експерт за заразни болести во државата, дека САД „сè уште се длабоко во првиот бран“ на пандемијата.

Со нови 8.700 нови случаи на Ковид-19, меѓу најтешко погодените држави е Тексас. Таму болниците се со целосно исполнет капацитет поради огромниот број хоспитализирани пациенти со коронавирус. Ситуацијата стана толку лоша во градот Сан Антонио што американската војска планира да распореди тим со медицински персонал од 50 члена за да помогне во кризата, вклучително и медицински сестри во итни случаи. [[ https://twitter.com/USNorthernCmd/status/1280248020303376384 ]]

Драматичниот пораст на новите случаи на Ковид-19 ги натера властите во некои држави, вклучително и Калифорнија и Флорида, повторно да наметнат ограничувања.

Во Калифорнија, која во понеделникот објави рекордни 11.786 нови потврдени случаи, гувернерот Гавин Њусом нареди да се затворат баровите во шест нови окрузи, само неколку дена откако беше воведена слична наредба во 19 окрузи каде рестораните, кината и винариите беа повикани да не работат на затворен простор. [[ https://twitter.com/GavinNewsom/status/1280220300890664960 ]]

Официјални лица во најголемиот округ на Флорида во Мајами, во понеделникот наредија затворање на ресторани, спортски сали, фитнес центри и други бизниси во затворен простор. Плажите во округот ќе се отворат во вторник.

Во Бразил, кој е вeднаш по САД по број на потврдени случаи на коронавирус, како и смртни случаи, претседателот Болсонаро ги чека резултатите од уште еден тест за коронавирус, неколку дена откако пројави симптоми, вклучувајќи и треска.

Бразил има над 1,6 милиони вкупно случаи на Ковид-19 и над 65.000 смртни случаи.

Израел во понеделникот објави дека ги затвора сите барови, клубови, спортски сали и јавни базени поради порастот на случаите во земјата. Земјата има повеќе од 30.000 потврдени случаи и повеќе од 330 смртни случаи.

Поради пандемијата, канадскиот премиер Џастин Трудо во понеделникот ја одби поканата за посета на Белата куќа оваа недела за да го прослави новиот регионален договор за слободна трговија со претседателите на САД и Мексико.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG