Линкови за пристапност

Персонал во кумановската болница по втор пат заболен од коронавирус


Болничарка и медицинска сестра кои веќе прележале Ковид-19 повторно се позитивни. Вчерашниот ден е најцрниот од почетокот на епидемијата во Северна Македонија. Починаа 12 пациенти, бројката на жртви се искачи на 298 лица. Регистрирани се 132 новозаболени а во државата има 3.484 активни случаи.

СКОПЈЕ – Болничарка и медицинска сестра од кумановската болница кои во април и мај биле позтивини на коронавирусот, лекувани во домашни услови и излечени, се првите два случаи на рецидив на Ковид -19 во државата. Тие при повторното тестирање биле позитивни на присуство на вирусот а тоа го потврдија и од кумановската болница од каде додаваат дека станува збор за медицинска сестра од одделот хирургија и болничарка од очното одделение.

Медицинската сестра била позитивна но асипмтоматична и по два негативни теста кон крајот на април и почетокот на мај биле негативни. Пред извесно време таа почнала повторно да развицва сипмтоми а тестирањето ги потврдило сомнењжите, таа повторно била позитивна на коронавирус. Болничарката пак била на домашно лекување со симптоми и била излекувана.

Таа се пријавила да донира крвна плазма за лекување на болните и тестирањето покажало дека таа е позитивна, со благи симптоми.

„Сето ова е непознаница за нас. Двете го прелажаа заболувањето претходно. Не знаеме како се заразиле, немаат позитвна епидемиолошка анкета. Жената која беше со симптоми уште при првите индикации беше отстранета од работа и тоа уште пред да се направи тест кој подоцна излезе и позитивен. Болничарката од очното одделение во моментов добро се чуствува, има блага малаксаност“, изјави д-р Снежана Захариева, директорка на болницата во Куманово.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека се уште се истражуваат случаите во Куманово.

„Има еден случај кој треба да се потврди во Куманово, меѓутоа во светот има потврдени случаи. На што се должи тоа сега во овој момент науката не одговорила со сигурност. Има некои иницијални докази дека станува збор за некаква форма на мутација на вирусот. Каква е таа форма, дали е силно или послабо изразена, сеуште немаме докази. Но дефинитивно има потврда дека има појава на рецидив на вирусот “, рече министерот Венко Филипче.

Вчерашниот ден е најцрниот од почетокот на епидемијата во Северна Македонија. Починаа 12 пациенти а бројката на жртви се искачи на 298 лица.

„На Инфективната починаа двајца пациенти од Струга на возраст од 60 и 66 години, пациент од Тетово на возраст од 49 години и пациент од Скопје на 72 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се четири лица, тројца пациенти од Скопје на возраст 56,69 и 75 години и пациентка од Велес на 68 години. Во болницата во Штип е починат пациент на возраст од 81 година. Во Гостивар е починат пациент на 70 години. Во Тетово е починат пациент на 62 годишна возраст. Во Институтот за белодробни заболувања за деца- Козле почина пациентка од Скопје 83 години, потврдена позитивна денес“, соопштија од министерството за здравство.

Во последното деноноќие се регистрирани 132 новозаболени, најголем број повторно во Скопје – 57. Во моментов во државата има 3.484 активни случаи а жариштето е главниот град со 1.986 активни случаи.

Во Скопје е критично во општината Чаир каде има 417 заболени. Во Гази Баба има 158 активни случаи,Аеродром – 148, Сарај – 142, Карпош – 135, Бутел – 134, Центар – 131, ,Кисела Вода – 106 и Ѓорче Петров каде во моментов има 101 активен случај.

Тешка е состојбата во Тетово каде се регистрирани 366 заболени, Куманово со 293 активни случаи и Штип каде бројката е 148 но е во намалување откако вирусот се рашири меѓу вработените во текстилната индустрија. Бројките на заболени секојдневно растат во Охрид каде има 143 заболени, Струга каде сега има 133 позитивни на вирусот и во ресен каде се потврдени 94 случаи. Само четири помали града во целата држава се без заболени – радовиш, берово, Виница и Делчево.

Болниците продолжуваат да се полнат и само во последните 24 часа се хоспитализирани нови нови 18 пациенти. На Инфективната клиника ина 92 пациенти од кои 45 се на килородна поддршка, во Детската болница во Козле, која од минатиот викенд е вотирот Ковид центар во државата, има 20 возрасни пациенти и две деца а во Градската болница „8 Септември“вкупно се хоспитализирани 136 пациенти од кои 11 се приклучени на респираторна машина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG