Линкови за пристапност

И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ против барањето на ДУИ за премиер Албанец


И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ против барањето на ДУИ за премиер Албанец
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:03 0:00

И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ против барањето на ДУИ за премиер Албанец

Национал-популистички концепт и ништо друго – тоа е ставот на Зоран Заев за иницијативата на коалицискиот партнер ДУИ - предизборно туркање „Албанец за премиер“. Проценките на лидерот на СДСМ се дека партијата на Ахмети нема да добие од ваквиот пристап, туку дека само ќе загуби. Заев, дури оди и чекор понатаму – смета дека би било здраво и за државата и за партијата ДУИ да замине во опозиција. Но, што ако по изборите формирањето влада зависи токму од ДУИ, дали тогаш социјалдемократите би го прифатиле ултиматумот за „Албанец премиер“?

Секако не. Ултиматум не треба ниту Заев, ниту Мицкоски, ниту Ахмети да прифаќа
Зоран Заев, претседател на СДСМ

„Секако не. Ултиматум не треба ниту Заев, ниту Мицкоски, ниту Ахмети да прифаќа. Преговори во партиите постојат и постоеле. За првпат имаме мултиетничка коалиција која ќе победи на изборите. Ќе кажам само едно ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ остануваат во опозиција и ДУИ со ваквата реторика само си помага да остане во опозиција и по 17 години во власт здраво за државата е ДУИ да помине во опозиција“ изјави Зоран Заев, претседател на СДСМ.

А што ќе прави ВМРО-ДПМНЕ со барањето на ДУИ за премиер Албанец ако биде во позиција да прави влада со Ахмети.

Сметаме дека барањето има пропагандни цели и тоа барање нема да биде прифатено
Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

„Тоа е неприфатливо за нас, сметаме дека барањето има пропагандни цели и тоа барање нема да биде прифатено од ВМРО-ДПМНЕ“ изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

ДУИ не отстапува, иако по одговорите од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е јасно дека оваа иницијатива, на начинот на кој и пристапува партијата на Ахмети, засега е далеку од реалност.

„За прв пат во историјата на нашата земја, албански кандидат ќе се кандидира за Премиер. За прв пат на парламентарните избори, ние Албанците стоиме храбро и со самодоверба - и бараме позицијата Премиер да припадне на еден од нас и да не поддржат сите заедници“ рече Фатмир Дехари од ДУИ.

Поддршката што ја бара ДУИ ја нема, ниту во македонскиот, ниту во албанскиот блок.

XS
SM
MD
LG