Линкови за пристапност

Како ќе работат македонските хотели во време на пандемија?


Како ќе работат хотелите во време на пандемија?
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:57 0:00

Како ќе работат хотелите во време на пандемија?

Македонските хотелиери ги добија протоколите за работа според кои ќе можат да ги отворат капацитетите од 22 јуни, по речиси три месечнo неработење.

Сметаат дека истите требало да ги добијат порано, за да можат што поуспешно да се подготват, иако голем дел од аранжманите со странски гости се откажани за ова лето.

„Овие мерки наликуваат на оние мерки кои порано се користеле во текот на работењето во поранешна Југославија. Знаеме дека гостите кои доаѓаат во нашите капацитети првенствено доаѓаат за одмор и рекреација и дека спроведувањето на овие мерки ќе го нарушат комфорот на гостите, но уште повеќе треба да сме свесни дека сите заедно треба да водиме грижа за здравјето на сите гости и на сите оние кои се вклучени во овој работен процес“ вели Јован Китрозоски, менаџер во хотел Силекс.

Во протоколите на пет страни се пропишани низа мерки и активности кои треба да бидат исполнети со цел заштита на гостите но и вработените од Ковид-19.

Ова се дел од мерките опфатени со протоколот за работа на хотелите:

-Служењето храна на шведска маса не е дозволено. Дезинфицирање на масата и столовите пред секој оброк и по завршување на истиот. Масите да не се претходно сервирани. Келнерот е должен да води максимална грижа за својата хигиена со маска на лицето ги послужува гостите со внимавање на растојание. На една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат максимум две лица.

-Редовно одржување на тоалетите. Забрането е користење на сушачи за раце во тоалетите и задолжително користење на хартиени бришачи за раце за еднократна употреба. Чистење и дезинфекција на санитарните јазли, подови и сите нивни површини, неколку пати во текот на денот.

-Поставена дезинфекциона бариера за обувки пред влезна врата, како и пулт за дезинфекција на раце во холот. Задолжително носење на заштитна маска за гостите и вработените. На рецепцијата во хотелите, каде што пултот не е доволно широк да се обезбеди потребно растојание во делот каде ќе оперира рецепционерот, да биде поставена монтажна преграда (шалтер) Секојдневно одржувањето на хигиената на јавните простории и собите со употреба на средство кое делува на вирусот.

Исто така има и препораки за постапување при појава на случај со симптоми

-Доколку гостин заболи со треска или знаци на акутна респираторна инфекција, давателот на услуги треба да се јави во дежурната служба на најблискиот здравствен дом. Гостинот треба да чека во изолација. Да употребува само одредени тоалети и мијалници.

XS
SM
MD
LG