Линкови за пристапност

Утре ќе се објави пресудата за „Рекет“


Се` уште не е прецизно јасно кој и кога дознал за „Рекет“, како и кој, кога и каде го пријавил

СКОПЈЕ – Виновни или не. Тргувале со информации и влијание за личен бенефит или „Рекет“ е монтиран случај од главиот протагонист во случјаот „Империја“ – Орце Камчев. Овие прашања ќе добијат одговор утре кога е закажано објавување на пресудата за Бојан Јовановски – „Боки13“ и Катица Јанева, речиси една година откако изби скандалот и се објавија видео и аудио снимките во италијанскиот весник „Ла Верита“. Се` уште не е прецзино јасно кој и кога дознал за „Рекет“, кој, кога и каде го пријавил. Фамозните еден и пол милион евра, основата на случајот, или барем она што останало од нив не се пронајдени.

Неколку месеци пред објавувањето на првата снимка, опозицијата меѓу редови, почна да го најавува скандалот. Се почесто на нивните прес конференции и во нивните обраќања се слушаше за уценување на бизнисмени од лица „блиски на власта“.

Jавноста беше шокирана од првата снимка која се објави на почетокот на август минатата година.

Покрај разговорите меѓу Камчев и Јовановски кои се однесуваат на случајот „Империја“ објавена беше снимка од стотици илјади евра уредно наредени на маса и во фамозаната „Луј Витон“ чанта но и Јовановски и Милевски како си одат од домот на Камчев со чантата во рацете на Милевски.

„Ќе биде се во ред“. Ова се слушна во вториот сет на објавени разговори а го кажува тогашната шефица на СЈО за да го смири Камчев.

Јанева исчезнува од работното место во СЈО, во клучниот момент кога се кршат копјата околу продолжување на маднатот на Обвинителството. Зема боледување и оди во Грција. Во СЈО обвинителите држат прес конференција на која јасно ставаат до знаење на целата јавност дека се оградуваат од Јанева.

На 15 август МВР го апси Јовановски на излез од Македонија на граничниот премин „Богородица“ а во Скопје е уапсен Зоран Милевски – Кичеец. Неколку часа подоцна јанева преку соопштение ја информиора јавноста дека дава оставка од фукнцијата шеф на СЈО.

21 август 2019 година. Полицијата влегува на три локации. СЈО и домовите на Јанева во Гевгелија и Скопје. Јанева е уапсена, одреден и е притвор.

Истрагата трае неколку месеци, инфоромациите се оскудни а шпекулациите се посгласни. Јанева и Јовановски не даваат исказ во истрагата.

Шефицата на Јавното обвинителство за гонење на организиран кирминал, Вилма Рускоска, во октомври минатата година го поднесува обвинението против Јовановски, Јанева и Милевски. Боки 13 се товари за примање награда и перење пари, Јанева за злоупотреба на службената положба и овластување, Кичеец за примање награда.

Слика со педесетина илјади евра и каучот кој телевизиските камери го уловија како се изнесува од нејзинито дом, се клучот во обвинението против Јанева.


3 декември 2019 година. Почнува судскиот процес за случајот „Рекет“.

„Имаше еден филм Чарлиевите ангели. Имаше една госпоѓа Катица Јанева која влезе во тој филм, мислејќи дека никој ништо не и може. Но, влезе во мрежата на само наречената естрадна ѕвезда Бојан Јовановски, познат како Боки 13. Обвинителството ќе докаже дека тоа го сторила од алчност и затоа ќе презентира несоборливи докази. Со тоа не се посрамоти само себе си и не ја злоупотреби функцијата специјален јавен обвинител, туку ја предаде довербата на народот“ ќе каже Русковска пред преполната судница.

Уште на самиот старт изненадување. Милевски ја признава вината, се издвојува од предметот и експресно добива тригодишна затворска казна.

Во изминатите шест месеци се одржаа четириесетина рочишта. Повеќето од нив беа исполнети со театрални настапи од Јовановски но и од останатите странки во процесот, лични навреди и дисквалификации, прерпукувања меѓу поранешните колешки обвинителки.

Сведочеше Камчев, сведочеше неговата сопруга Ана. Тврдеа дека се жртви на уцена и дека се борат за правдата во Македонија. Одбраната со спротивна теза, Камчев го монтира случајот за да се спаси од „Империја“ каде е заедно со екс шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков, и каде им се заканува долгогодишна затворска казна.

Сведочеше обвинителската Стефанова, сведочеа повеќето колеги на Јанева од СЈО.

Јавноста со нетрпение ги чекаше обраќањата на Јанева и Јовановски кои дотогаш молчеа. Двајцата говореа пред судскиот совет но без детали кои што ги чекаше јавноста. Јовановски најави дека ќе ја отвори „пандорината кутија“ со сведочењето но тоа до ден денес не се случи.

Процесот заврши пред две недели.

Рускоска во својот завршен збор кажа дека недвосмилено е докажана вината на Јованоски и Јанева, одбраната на став дека нема никакви докази за сторен криминал и дека целиот обвинителен акт се темели на исказот на Камчев кој по секоја цена се обидувал да се спаси од затвор.

Судскиот процес финишираше а трагата на парите, еден и пол милион евра кои Камчев тврди дека му ги дал на Јовановски, не беше откриена. Не беше откриено ниту дали нешто останало од тие пари. Изаненадувачки за многумина ниту обвинителството ниту одбраната не го повика Кичеец да сведочи. Не беа вештачени снимките кои ги објави Камчев а за кои одбраната тврди дека се монтирани. Клучни прашања останаа неодговорени.

Со месеци траеше политичката битка околу иднината на СЈО надлежноста врз предметите. Политичките преговори траеа со месеци а од едната страна на масата седеа осомничени и обвинети од СЈО кои од петни жили се трудеа Обвинителството да исчезне. Во меѓувреме СЈО престана да постои, исто како и приказната за македонските „Чарлиеви Ангели“. Разочарувањето на граѓаните и недовербата во правдата остана.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG