Линкови за пристапност

Осум жртви и 134 новозаболени од коронавирус во последното деноноќие


Инфективната клиника и Градската болница речиси полни со пациенти. Владата со одлука - доколку пациент кој се лекува во приватна болница е позитивен на Ковид-19 не мора да се префрла во државните ковид- центри. Од утре се отвараат границите. Скопје е најголемото жариште со над 1.300 активни случаи

СКОПЈЕ – 134 новозболени од кои 97 само во Скопје, нови случаи регистирани уште во 13 градови и осум пациенти кои ја загубија битката со коронавирусот е билансот од епидемијата во последното деноноќие. Вториот бран на вирусот продолжува да се шири и покрај апелите и препораките на надлжените но и засилените контроли и санции на терен. Седми ден бројките на новозаболени се трицифрени и во овој период се регистрирани 1.059 нови случаи и 43 жртви како и 99 оздравени.

Бројката на жртви се искачи на 201 а во моментов активни случаи во државата има 2.231.

„На Инфективната клиника починаа три лица од Скопје, пациент (68г) хоспитализиран на 6 јуни, пациентка (65г) хоспитализирана на 13 јуни и пациентка (76г) хоспитализирана на 7 јуни. Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје, пациент (77г) примен на 6 јуни и пациентка (77г) хоспитализирана во болницата на 10 јуни. На Клиниката за урологија почина пациент од Куманово (68г).Во болницата во Тетово починати се две лица на 13 јуни, пациент (67г) и пациентка при прием (71г) а позитивните резултати на ковид-19 на двајцата пациенти се потврдени постмортем“, соопштија од министерството за здравство.

Скопје со 1.323 активни случаи е најголемото жариште на вирусот во државата. Најкртична е општината Чаир каде има 302 регирстирани случаи. Голем број на заболени има и во Аеродром – 118,Бутел – 110,Гази Баба – 104, Центар – 105, Карпош – 94 и во општината Сарај каде се регистрирани 96 лица позитивни на коронавирусот.

Активни случаи во моментов има во 27 градови во Северна Македонија.Жаришта на вирусот остануваат Куманово, Тетово каде што се откриени два нови кластери и Штип каде што вирусот се рашири меѓу вработените во текстилната индустрија. Во Куманово има 207 активни случаи од кои повеќето се во Липковскиот регион. Во тетово се регистрирани 261 заболен а во Штип 202 случаи. Во Струга има 60 заболени,во Охрид - 55 а во Гостивар се 44 лица.Под опасност е и Ресен каде што веќе се регистрирани 31 случај и поради тоа се затворени неколку фабрики во градот.

Двата ковид - центри,Инфективната болница и Градската болница „8 септември“, речиси се исполнети.На Инфективната клиника се хоспитализирани 90 пациенти од кои на кислородна поддршка се 35 пациенти. Во „8 Септември“ вкупно се хоспитализирани 120 пациенти од кои 12 се на респираторна машина а со потешка клиничка слика се 23 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 21 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 74 пациенти - позитивни и сомнителни на Ковид-19.

За да го намали притисокот врз овие болници и центри Владата денеска донесе одлука според која доколку во текот на лекувањето на пациене во некоја од приватните установи се утврди дека е позитивен на коронавирусот, тој може да се лекува таму и не треба да се префрла во нкој од Ковид центрите со што би се намалил притисокот на им се овозможува на приватните болници да хоспитализираат и лекуваат пациенти болни од коронавирусот.

„Владата ја дополни Уредбата согласно која сега и приватните здравствени установи, во рамките на вршењето на дејноста за интензивна нега и терапија, ќе можат да укажуваат здравствени услуги и за заразната болест коронавирус КОВИД-19 за пациентите примени во установата кај кои во текот на укажувањето на здравствените услуги за дијагностицирање, лекување, третман, нега и рехабилитација во установата е утврдено присуство на КОВИД-19“, стои во официјалната инфромација од Влада.

Од утре се креваат рампите на границите и македонските државјани ќе може слободно да патуваат во државите каде што им е дозволен влез.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG