СКОПЈЕ - Проблемот со непочитувањето на мерката за самоизолација може да се реши со јавно објавување на идентитетите на лицатат на кои им е изречена оваа мерка. Ова денеска го соопшти министерот за здравство Венко Филипче кој потврди дека на терен се сретнуваат со многу проблеми, лицата одбиваат да ги примат решенијата, даваат лажни податоци, телефони и адреси или пак се кријат од епидемиолозите кои треба да им ги врачат решенијата. Имињата би се објавулае на сајтот на министерството за здравство.
„Некои одбиваат и затоа што решенијата не се двојазични, но има други најразлични причини зошто не ги примаат решенијата. Потоа даваат грешни информации, грешни адреси, грешни телефонски броеви и тоа навистина ја отежнува работата. Побаравме помош од Собранието од правната служба за издавање и го разгледуваме законот за управна постапка и размислуваме јавно да ги објавуваме лицата кои се во изолација. Тоа многу брзо ќе го решиме“, рече министерот Филипче на денешната прес-конференција.
Тој потврди дека државата се соочува со силен бран на епидемијата на коронавирусот, но според него смирувачи е фактот што 86 отсто од новите случаи се лесни или асимптоматски а само 14 отсто се хоспитализирани.
„Во моментот се хоспитализирани 14 проценти, додека 86 проценти се практично во домашни услови. Во однос на капацитетите на болниците, има слободни кревети и опрема, дел од медицинскиот персонал којшто е во изолација, а еден одреден дел којшто е навистина примарен го надополнуваме со оваа ротација којашто ја споменав. Тоа се лекари и медицински сестри коишто без ниту еден ден одмор интензивно работат со овие пациенти изминатите четири месеци и изложени се на ризик и во смисла на тоа многу е битно да се сфати сериозноста на оваа состојба и сите оние кои не се однесуваат, да почнат да се однесуваат одговорно“, изјави Филипче.
Сепак болничките капацитети се речиси полни како во Скопје така и во останатите градови. Во Градската болница се хопитализирани 113 пациенти од кои 10 се на респиратор а 21 се со тешка клиничка слика. На Инфективната клиника која има кашацитет од 110 легла има 94 пациенти од кои 43 се на кислородна поддршка. Во овие два Кодив центри веќе пристигна помош во медицински пероснал од другите градови во дрѓавата за да моѓе да има ротација поради исцрпеноста на задртвствените работици во овие две институции кои три несеци се борат со епидемијата.
„Во однос на потребата за зголемување на капацитетите, во изминатите два месеца интензивно работевме на дополнителниот капацитет, тоа е монтажната болница. Таа е целосно подготвена и е достапна за лекување на пациенти со КОВИД-19 вирусот. Утрово разговаравме и со директорката и се направи план за ротација на лекарскиот кадар. Тоа е болница којашто има површина од 1.000 метри квадратни и се сместени 70-ина кревети, со тријажен центар, односно за хоспитализација, прием на пациенти и секако амбулантски дел“, соопшти Филипче.
Од вчера тимови на АРМ земаат брисови од лицата кои се во самоизолација за да им олеснат на епидемиолозите.
Филипче информираше дека градинките засега нема да се отвараат бидејќи не е безбедно за децата и апелираше до грааните да ги почитуваат мерките и препораките односно да носат заштини маски, да не се групираат и да одрѓуваат дистанца.
Во последното деноноќие беа регистрирани 103 случаи на новозаболени од коронавирусот а починаа пет пациенти со што бројката на жртви се искачи на 193 лица. Во моментов активни се 2.241 случај а повеќе од половината заболени се во Скопје - 1.239. Главниот град е најголемото жарите на коронавирусот а критични се неколку општини како Чаир, Гази Баба, Сарај, Аеродром, Бутел и Центар.
Деновиве рапидно зголемување на бројот на заболени има во Тетово каде сега има 253 заболени и откриени се неколку нови кластери и во Ресен каде за само неколку дена има 25 заболени и една жртва, а голем дел од тамошните индустриски капацитети се затворија за да се спрчи ширењето на заразата.
Во Куманово има 225 заболени, најголем број во Липковскиот регион но бројките стагнираат исто како и во Штип каде што коронвирусот се рашири меѓу вреботените во текстилната индустрија. Во градот во моментов има 202 активни случаи.
Facebook Forum