Линкови за пристапност

Скопје жариште на вирусот, болниците забрзано се полнат со пациенти


Вториот бран на епидемијата го оптерети здравствениот систем. Инфективната Клиника е речиси полна, Градската болница интензивно се полни со новозаболени. Дополнителен кадар се испраќа на испомош во Градската болница. Армиски медицински тимови ќе помагаат во собирањето на брисеви

СКОПЈЕ - Алармантните троцифрени бројки на новооткирени случаи на заболени од коронавирусот не се намалуваат. Во последните два дена во Северна Македонија се регистрирани 339 новозаболени од кои речиси две третини односно 216 се во главниот град Скопје кое е новото и најголемо жариште на носители на вирусот со над илјада активни случаи. Седуммина ја загубија битката во вирусот со што бројката на жртви се искачи на 171 пациент.

Во моментов во регионот нашата држава има највисока стапка на заболени и жртви со 1.776 регистрирани случаи и 82 починати на еден милион жители што е двојно или тројно повеќе од Грција, Хрватска, Бугарија, Албанија или Црна Гора.

Надлежните веќе неколку дена повторуваат дека ова е втор бран на епидемијата кој е придизвикан исклучиво од непочитувањето на мерките и несовесниот однос на граѓаните. Засега нема прогнози до кога ќе трае овој пик и кога бројките ќе почнат да се намалуваат. А очекувањата беа дека пикот ќе почне да стагнира во текот на минатиот викенд и веќе овие денови бројките ќе се вратат на оние пред почетокот на вториот бран

„Несомнено е дека имаме втор бран на епидемијата кој е резултат на непочитувањето на мерките за заштита и препораките. Сликата целосно ќе се промени кон крајот на следната недела. Бранот многу кратко ќе трае но ќе останеме претпазливи “, кажа министерот за здравство Венко Филипче, минатиот петок, откако беа регистрирани рекордни 180 новозаболени во едно деноноќие во државата.

Иако надлежните тврдат дека голем број од новите случаи се асимптоматски или со лесна слика, двата Ковид Центри - Инфективната клиника и Градската болница „8 септември“ забрзано се полнат со пациенти. Само во последните 48 часа се хоспитализирани 65 пациенти, капацитетите забрзано се полнат а кадарот работи непрекинато и до изнемоштеност.

На Инфективната клиника во моментов се хоспитализирани 93 пациенти со што капациентот од 110 заболени речиси е исполент.На Клиниката 44 пациенти се со кислородна поддршка. Во Градската болница во моментов има 60 пациенти од кои десет се приклучени на респиратор а 11 се со потешка клиничка слика. Слично е и во Клиничкиот центар во Битола, каде има 25 пацинети и капацитетот е исполанет, а по откривањето на новите кластери во Охрид заболените ќе се примаат на инфективното одделение во локалниот Клинички центар.

Министерот Филипче соопшти дека веќе се ангажира персонал од другите Клиники кои ќе бидат испратени на испомош во Градската болница „8 септември“ каде пресоналот веќе три месеци без престан се бори за животите на заболените. Токму затоа се одложи нормализирањето на работата на клиниките.

„За уште една недела ќе го одложиме нормализирањето на работата во рамките на клиниките. Новиот кадар е потребен за да помогне на медицинскиот персонал кој директно работи со пациентите“, рече министерот Филипче на вчерашната прес конференција.

Дел од пациентите кои се примаат на клиниките даваат лажни податоци околу тоа дали имале контакт со заболено лице или имаат заболен во семејството. Таков е случајот со родилката примена на ГАК кој прерасна во скандал откако во досието од примеот исчезна изјавата која ја дала дека немала контакт со заболени, нешто што подоцна ќе се испостави како невистина. Само заради овој пациент 18 медицински работници од клиниката за гинеколгија се во самоизолација, а уште толку во родилиштето во Чаир.

„Не може ние да ставаме здравствени работници во изолација, сега кога најмногу се потребни на здравствениот систем, затоа што некој не ја кажува вистината. Тоа е апсолутно недозволиво, тоа е загрозување на јавното здравје и на здравствениот систем и на индивидуалното здравје на здравствените работници. Мора луѓето да се свесни дека ова е сериозна работа и дека имаат одговорност“, реагираше Филипче.

Уште еден проблем е и фактот што голем дел од пациентите доаѓаат доцна во болница, кога состојбата веќе е критична а тоа го докаѓуваат анализита кои покаѓуваат дека над 30 проценти од смртните случаи се од првиот до петтиот ден од хоспитализацијата.

Во моментов неколку илјади граѓани се наоѓаат во самоизолација а само во последните 48 часа 684 граѓани се испратени во изолација или самоизолација.Токму затоа побарана е помош од Армијата чии стручни лица ќе понагаат во земањето на контролните брисови.

„Имајќи предвид дека епидемиолозите целосно се посветени на анкетите и новите случаи, веќе истекува 14 дена кај голем број на лица кои се самоизолација. Стручни лица од воено техничкиот персонал, епидемиолози или лаборанти, ќе циркулираат низ градот и ќе земаат контролни брисови, и во зависност од резултатот, ако тестот е негативен, да можат излезат од самоизолација“, објасни Филипче.

Колку е брз и силен вториот бран на епидемијата сведочи фактот што на 20 мај во државата имаше 380 заболени а сега, по три недели, таа бројка е 1.836 активни случаи и е повисока од бројката на излекуваните.

Скопје е градот со најголем број на активни случаи - 1.040. Критично е во опоштината Чаир каде според официјалните податоци има Чаир -235 заболени а потоа се Гази Баба со 89, Бутел со 88, Аеродром и Центар со по 87 активни случаи, Карпош со 79 и Сарај со 75 заболени.

Голем број на заболени има во Куманово - 202 но повеќето се во Липковскиот регион, за разлика од Штип каде поради индолентниот однос на сопствениците на конфекции и непочитувањето на препораките за транспорт на вработените вирусот брзо се рашири меѓу вработените во тексилната индустрија и во моментот има 192 заболени. Деновиве во Тетово се регистрирани два нови кластери а бројката на активни случаи во градот е 165 а во Охрид деновиве се регистрирани околу триесет случаи кои поткенуваат од еден кластер - семејна прослава на која присуствувале над 200 лица.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG