Линкови за пристапност

Средба Димитров – Дачиќ: нема конкретен датум за отворање на македонско – српската граница


Средба Димитров – Дачиќ: нема конкретен датум за отворање на македонско – српската граница
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:57 0:00

Средба Димитров – Дачиќ: нема конкретен датум за отворање на македонско – српската граница

Кога може да се очекува целосно нормализирање на патниот сообраќај и комуникацијата меѓу двете земји во пост-ковид периодот – тоа било главното прашање за кое денеска во Ниш разговараа шефовите на македонската и српската дипломатија. Димитров, кому ова му е прва службена посета од почетокот на корона кризата вели дека официјално Скопје во наредниот период ќе донесе одлука за отворање на границите, но без да прецизира конкретен датум.

Мислам дека таква одлука треба да се очекува во текот на овој месец јуни, иако е малку неблагодарно ова да се предвидува
Никола Димитров, министер за надворешни работи на Северна Македонија

„Нашиот првичен план беше кон средината на овој месец да ги отвориме границите. Ќе разговараме поинтензивно овие денови и во рамките на ситуацијата со вирусот и ситуацијата во регионот, овие денови треба да пресечеме и да ја донесеме таа одлука. Мислам дека таква одлука треба да се очекува во текот на овој месец јуни, иако е малку неблагодарно ова да се предвидува со оглед на непредвидливоста на пандемијата“ изјави Никола Димитров, министер за надворешни работи на Северна Македонија.

Според него, пандемијата покажала колку е потребна соработка во регионот како што била секојдневната оперативна комуникација меѓу кризните штабови на двете земји. На 22 мај Србија веќе ги отвори границите за македонските граѓани без какви било ограничувања.

За нас е битно како и во кој правец ќе се одвива нашата комуникација со Северна Македонија
Ивица Дачиќ, министер за надворешни работи на Србија

„Имајќи предвид дека ниту Србија, ниту Северна Македонија не се изолирани острови и сите тие одлуки е важно да ги систематизираме и да знаме во регионот кој какви прописи има, бидејќи тоа луѓето пред се ги интересира. За нас е битно како и во кој правец ќе се одвива нашата комуникација со Северна Македонија“ изјави Ивица Дачиќ, министер за надворешни работи на Србија.

Брисел најави дека во наредните денови треба да биде објавена препораката на Европската Комисија за отворањето на внатрешните и надворешните граници на ЕУ. Се очекува во неа да се предложи изземање на земјите од Западниот Балкан, вклучувајќи ја и Северна Македонија, од забраната за патување во Унијата.

XS
SM
MD
LG