Линкови за пристапност

Градоначалникот на Њујорк рече дека ќе пренасочи пари од полицијата кон програми за млади


Тој најави дека деталите ќе бидат разработени во наредните недели

Денеска во американскиот град Хјустон се собираат ужалени кај ковчегот на Џорџ Флојд, Афроамериканец чија смрт предизвика обновени протести против бруталноста на полицијата во градови низ државата и други делови на светот.

Погребот на Флојд е закажан за утре.

Соработник на поранешниот потпретседател Џо Бајден, кажа дека демократскиот претседателски кандидат планира да патува во Хјустон да се сретне со семејството на Флојд, и оти ќе има видеопорака на погребот.

Претседателот Доналд Трамп во неделата нареди трупите на Националната гарда да почнат да се повлекуваат од главниот град, откако таму беа распоредени да му помогнат на обезбедувањето. Слични повлекувања се случуваат во други сојузни држави.

Сенаторот Мит Ромни, член на Републиканската партија, се приклучи на протестите во Вашингтон за време на маршот во неделата, што е прва инстанца републикански законодавец да земе учество во демонстрациите од последниве две недели.

Во Минеаполис, каде почина 46-годишниот Флојд, деветмина од 12 членови на градскиот совет ветија распуштање на градскиот полициски оддел.

Градоначалникот Џејкоб Фреј, кој поддржа покренување обвиненија против полицаецот за убиството на Флојд, на протестантите во саботата им кажа дека поддржува реформа на одделот наместо целосно распуштање.

Толпата собрана пред неговиот дом одговорот го пречека со извици на негодување.

Градскиот совет минатата недела гласаше за забрана полицијата да употребува средства за амортизирање на отпорот преку притисок на вратот.

Илјадници лица и во неделата излегоа на протести во други делови на државата, меѓу кои и Лос Анџелес, каде градоначалникот вети дека ќе го намали Буџетот на полицискиот оддел, за сметка на инвестиции во програми за заедницата.

Протестанти се собраа во неделата и во Њујорк, Чикаго и во Атланта, каде властите го укинаа полицискиот час.

Градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио, во неделата кажа дека неговата администрација планира да префрли неодредена сума од финансирањето на полицијата кон младински иницијативи и социјални услуги.Тој рече дека деталите ќе бидат разработени во буџетскиот процес во наредните недели.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG