Панче Наумов, македонски научник во Абу Даби работи на вакцина против Ковид - 19.
Во интервју за Гласот на Америка, рече дека засега постојат околу 100 соединенија кои се тестираат, а од нив изборот е сведен на 15, кои се пренесени во следната фаза на тестирања.
„Постојат три фази кои треба да се поминат. Ние имаме преглед на тоа што се работи во светот, но, многу од тие резултати како што знаете не се достапни до јавноста. Во нашата лабораторија она што работиме е всушност една термичка стабилизација на овие вакцини. Најверојатно вакцина ќе се најде. Не знам точно кога, меѓутоа се работи за неколку месеци, кога тие ќе се тестираат и ќе се пуштат во оптек“, рече тој.
Facebook Forum