Тој на Твитер напиша „Ја користи американската армија против американскиот народ... Пушти солзавец на мирни демонстранти и испука гумени куршуми... За да се фотографира... Мора да го поразиме за нашите деца, за душата на нашата земја“.
Претходно Трамп кажа дека ги „мобилизира сите расположиви федерални ресурси, цивилни и воени, да запрат немирите и ограбувањето, да прекине уништувањето и опожарувањето, и да се заштитат правата на Американците што го почитуваат законот, вклучувајќи ги и вашите права што произлегуваат од Вториот амандман.“