Линкови за пристапност

Во Авганистан стапката на инфицирани порасна за 684%


Во САД и Бразил има најголем број случаи на инфицирани со коронавирусот

Стапката на инфицирани со Ковид-19 во Авганистан се зголеми за 684% во мај, се вели во денешното соопштение на Меѓународната комисија за борба против Ковид.

„Екстремно нискиот капацитет за тестирање на државата значи дека многумина нема да бидат да бидат тестирани и голем број случаи ќе останат неоткриени“, истакна Комисијата.

Милиони Авганистанци веќе се соочуваа со недостиг на храна по децениските конфликти, а сега проблемот дополнително се усложнува поради тешките последици од пандемијата врз економијата. Поради ова „Авганистан е на работ на хуманитарна катастрофа“, соопшти Комисијата.

Русија денеска пријави 9.035 нови инфекции. Само во САД. и Бразил има повеќе случаи од Русија.

Училиштата во Јужна Африка требаше да се отворат во понеделник, но таквите планови беа откажани во последен момент откако поради тоа до Министерството за здравство реагирале синдикатите на наставниците, вработените во училиштата и управните одбори.

Белата куќа во неделата објави дека доставила два милиони дози хидроксихлороин во Бразил за да ѝ помогне на оваа држава во нејзината борба против коронавирусот.

САД имаат 1,7 милиони случаи на коронавирус додека Бразил, кој е ново жариште во светот, има повеќе од 514,000, според Универзитетот Џон Хопкинс.


Хидроксихлороинот е широко користен лек за маларија. Американскиот претседател Доналд Трамп, во контроверзен потег, ги игнорираше своите советници за јавно здравје и се заложи за употреба на лекот во борбата против коронавирусот иако нема потврдени докази дека лекот е ефикасен против вирусот.

Во изјавата на Белата куќа исто така се вели дека двете држави влегуваат во заеднички „напор за истражување што ќе вклучува контрола на клиничките испитувања на случаен примерок. Овие испитувања ќе помогнат во понатамошната проценка на безбедноста и ефикасноста на хидроксихлороинот за профилакса и за ран третман на коронавирусот. “

Во САД и Бразил има најголем број случаи на инфицирани со коронавирусот. САД имаат 1,7 милиони случаи додека Бразил, кој е ново жариште во светот, има повеќе од 514,000, според Универзитетот Џон Хопкинс.

Здравствените власти во САД велат дека се подготвуваат за наплив на коронавирусни инфекции, по протестите низ целата држава поради смртта на Џорџ Флојд, афроамериканец кој почина откако беше уапсен во Минеаполис.

Некои демонстранти носеле маски, а некои не. Социјалното растојание немало.

Премиерот на Ерменија се тестираше позитивно за коронавирусот. Никол Пашнијан за Јавното радио на Ерменија изјави дека тој и неговото семејство се позитивни на вирусот, но сите се асимптоматски.

Австралија продолжува да ги олеснува ограничувањата воведени поради коронавирусот, дозволувајќи им на повеќе луѓе да се собираат во ресторани, јавни паркови и други локации.

Собирите во најголемата австралиска држава, Нов Јужен Велс, беа ограничени на 10 лица. Таа граница сега е зголемена на 50. Повторно се отвораат музеите, библиотеките и зоолошките градини.

Околу 90.000 џамии низ Саудиска Арабија се отворија за прв пат во текот на повеќе од два месеци, но на сила остануваат некои ограничувања.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG