Линкови за пристапност

Филипче: Епидемијата е под контрола, можеме да амортизираме нов удар


Речиси 70 отсто од новите случаи се од познати кластери. Непочитување на мерките е причината за пиковите. Mожен е карантин и полициски час во критичните општини. Премиерот Спасовски чека на епидемиолозите за повторно самоизолирање. Овие бројки на заболени ќе ги има во наредните денови

СКОПЈЕ - Кластерите се воглавно познати а новите случаи не ги почитувале мерките и препораките, рече министерот Венко Филипче на денешната прес конференција откако соопшти дека во последното деноноќие се регистрирани 89 новозболени но и седуммина кои ја загубија битката со вирусот.

Анализите на надлежените покажуваат дека новите случаи биле во контакт со веќе дијагностицирани случаи, но ситуацијата ќе се следи во наредните неколку дена пред да се донесе одлука за воведување на евентуални ресгтриктивни мерки во општините кои се жаришта на вирусот.

„Во следните два до три дена бројката на нови случаи ќе биде слична, со таква динамика. Некаква промена на сликата очекуваме викендов“, рече Филипче.


Според министерот за здравство, епидемијата е под контола а здравстениот систем не е оптеретен бидејќи мал е бројот на лица кои се хоспитализираат и покрај високите бројки на нови случаи.

„Очигледно е дека и покрај високиот број, нема многу пациенти во болниците што значи дека повеќето се со лесна слика или асимптоматски. Добар дел од пациентите се дома. Здравствениот систем и со овој бран добро ќе се справи, имаме доволен број на кревети и респиратори. 70 отстосе од веќе познати кластери . Да се каже дека работата е излезена од контрола е да имаме нови заболени за кои не знаеме од каде се заразиле. Сега знеаме од каде се заразлиле, семејни настани и не носеле маски. Затоа велиме дека е под контрола, бидејќи го знаеме изворот. Сите кои починаа овие денови беа во крајно тешка ситуација, приклучени на респираторна машина“, објасни Филипче.

Како критични општини Филипче ги наведе Чаир, Гази Баба, Сарај и Штип и не ја исклучи можноста за повторно воведување на рестриктивни мерки во овие општини вклучувајќи карантин и полициски час.

„ Денеска беше донесена одлука во Штип да се затворат пет конфенкции до следниот понеделник. 600 вработени ќе се тестираат. Согласно анализите од претходните денови и денес нема некотролирање ширење на вирусот. Се разговараше за дополнителни рестриктивни мерки, ќе чекаме и следиме наредните 48 часа пред да донесеме одлука. Не исклучувам карантин за одредени делови каде има поголем број на дијагностицирани и полициски час каде што е потребно“, соопшти Филипче.

Тој потенцираше дека растот на бројката на заболени се должи на непочитувањето на мерките и препораките, односно одржувањето на дистанца, носењето на заштитна маска и избегнувањето на јавно собири и семејни вечери и веселби. Епидемиолошките анкети покажале дека новите случаи се заболеле во периодот кога рестриктивните мерки беа на сила.

„Еден од главните проблеми е слабата соработка со дел од граѓаните кои одбиваат да се пријават кога имаат симптоми, одбиваат да се тестираат или да дадат информации за контактите и движењата. Има некоја генерална недоверба, дека вирусот не постои.Апелирам дека вирусот постои, бројките се реални и сите мора да се придржуваат до препораките. Со криење и со невистините податоци не се постигнува ништо, напротив и себе и блиските се носат во поголема опасност. Апелирам МВР да биде поактивен на терен“, изјави министерот Филипче на редовната прес конференција.

По потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири, уште еден висок партиски функционер е позитивен ан коронавирус. Станува збор за директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која вчера беша на настан со премиерот Оливер Спасовски во Куманово каде делеше партиски материјали - флаери на локалното население со маска на лицето.

Премиерот Спасовски соопшти дека е негативен на тестот за присуство на вирусот но ја чека одлуката на епидемиолозите околу евентуална самоизолација.


„Само што ги добив резултатите од денешниот Ковид-19 тест. Тестот е негативен и немам никакви симаптоми, а додека не ги добијам официјалните препораки од епидемиолозите ќе останам во домашна изолација. На сите кои се соочуваат со вирусот им посакувам брзо оздравување и уште еднаш силно апелирам сите да ги почитуваме мерките, за да му овозможиме на здравствениот систем да ја одржи контролата врз кластерите каде се појавуваат нови случаи на заболени. “, напиша Спасовски на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Министерот Филипче пак кажа дека е веројатно оти премиерот ќе мора повторно во самоизолација.

„Треба да заврши анкетата на Спасовски, најверојатно ќе биде потребна нова самоизолација од две недели“, рече Филипче.

Спасовски веќе еднаш беше во двонеделен карантин поради контакти со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Во самоизолација се министерот Дамјан Манчевски, вицепремиерката Мила Царовска и Марјан Забрчанец од центарот за комуникации, како и генералниот скеретар на ВМРО - ДПМНЕ, Игор Јанушев, кој беше на телевизиска дебата со Зеќири.

Зеќири сеуште тврди дека не знае од каде се заразил и го демантираше лидерот на партијата Зоран Заев кој изјави дека станува збор за ифтарска вечера во семејството.

Неделава ќе биде клучна за Комисијата за заразни болести. Тие треба да донесат одлука околу евентуалниот карантин и полициски час за претстојните верски празници, задушница и духовден, но и за отварањето на градинките и државните граници. Хронично болните, ризичните категории и родителите на децата под 10 години остануваат ослободени од работните обврски.

Филипче соопшти дека клучни ќе бидат бројките и сликите од терен односно дали и колку мерките се почитуваат.

„За отварање на границите не треба да избрзаме со одлуките кога имаме вакви бројки. Соседитеја гледаат бројката и нема да биде коректно кон нив да ги отвориме границите. Ќе дискутираме наредните денови. За викендов, односно верските празници сите опции се отворени. Ќе го процениме ризикот од собири ќе процениме луѓето колку се придржуваат. Дозволета за ова да одговориме при крајот на неделата“, рече министерот Филипче.

Во последното дененоќие беа направени 727 тестирања од кои 312 во рамките на скринингот на градинките и геронтолошките установи каде беа откриени три нови случаи. Тоа значи дека од 498 теста во рамките на редовното тестирање позитивни се 86 или речиси 19 отсто што е највисок процент досега. Со седумте жртви во последното деноноќие, бројката на починати пациенти се искачи на 140.

Во државата има 606 активни случаи од кои најголем број се во Скопје - 298. Во гралвниот град критични се општините Сарај Чаир, Гази Баба, Аеродром и Студеничани. Во Тетово 83 заболени, 68 во Штип, во Куманово има 55 активни случаи, во Прилеп се 30 а во Велес 27 заболени.

Во моментов хоспитализирани се 122 пациенти од кои дваесет и петмина се со потекшка слика или кислородона поддршка а троја се приклученина респираторна машина

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG