Линкови за пристапност

Нови 62 заболени од коронавирус во едно деноноќие


Пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири, соопшти дека е позитивен на вирусот како и неговата сопруга и неговото бебе. Во критичните општини бројката на заболени продолжува да расте

СКОПЈЕ – Шеесет и два нови случаи и две жртви е билансот на епидемијата на коронавирусот во последното деноноќие во Северна Македонија. Станува збор за шеесетгодишен пациент од Струга хоспшитализиран во Градската болница „8 септември“ на 22 мај и шеесет и четиригодишен гостиварец кој починал во локалната болница на 29 мај а посмртно бил тестиран и дијагностициран како позитивен на присуство на Ковид – 19. Бројката на жртви од коронавирусот сега се искачи на 133.

Пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири, денска преку социјалната мрежа „Фејсбук“, соопшти дека е позитивен на присуство на коронавирус како и неговата сопруга и тримесечното бебе. Тој информираше дека нема симптоми и дека сите тројца се чувствуваа добро.

„Уште еднаш апелирам до сите да не го потценуваат вирусот и да бидат максимално внимателни. Во исто време, жалам и им се извинувам на сите со кои сум бил во контакт последниве денови и можеби ненамерно ги доведов во незавидна ситуација“, напиша Зекири.

Тој во четвртокот гостуваше во телевизиска дебата заедно со генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ, Игор Јанушев, кој пак информираше дека се тестирал и дека ги очекува резултатите.

„Засега сум во добра здравствена состојба и ги чекам резултатите од направеното тестирање. Во очекување на исходот ќе ги превземам сите мерки кои ќе ги препорачаат здравствените власти. Апелирам да не се потценува состојбата со вирусот, ниту да се релавитизира, и да се пристапи максимално сериозно“, напиша Јанушев на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Според официјалните податоци и статиските на министерството за здравство најголем број од новите случаи се во општините кои се новите жаришта на вирусот. Од 62 случаи, 24 се во Скопје, 14 во Штип и 12 во Тетово.

Во Скопје, најмногу нови случаи има во општина Чаир – 11, во Бутел има 6 нови случаи, по двајца новозаболени во Сарај, Аеродром и Карпош и еден во Гази Баба. Во Штип, новите случаи се во кластерот на вработени во текстилна конфекција а меуи нив има и две деца. Локалните власти испитуваат дали евентуално има појава на нов кластер.

Од почетокот на епидемијата на коронавирусот заболени се 2.226 лица од кои се излекуваа 1.552 а во моментов бројот на активни случаи во земјата е 541.
Гледано по градови, најмногу активни случаи има во Скопје – 267, во Тетово има 78, во Куманово има 45 а во Прилеп и во Штип се регистрирани по 41 случај. Велес има 30 заболени а во Струга 14 лица.

Министерто Венко Филипче најави дека не се исклучува можноста од повторно воведување на рестирктивните мерки, како карантин, во критичните општини.

Во моментов хоспитализирани се 124 лица од кои седуммина се приклучени на респираторна машина а 29 се во тешка слика или на кислородна поддршка.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG