Линкови за пристапност

35 заболени и 5 жртви од коронавирус во последното деноноќие


Повторно најголем број на нови случаи има во Скопје. Направени рекордни 1.120 теста од кои 487 во рамки на скринигот на градинките каде има еден позитивен. Расте бројот на активни случаи во државата, во моментот бројката е 498. Во последните 24 часа оздравени 19 пациенти

СКОПЈЕ -Триесет и пет нови случаи на заболени од коронавирус се регистрирани во последното деноноќие во Македонија а петмина ја загубија борбата со вирусот со то бројката на жртви се искачи 131. На Инфективната клиника почина пациент од Скопје на возраст од 69 години кој бил хоспитализиран на 15 мај. Во Градската болница „8 септември“ пак почина седумдесет годишен струѓанец примен на лекување на 17 мај и уште двајца пациенти од Скопје едниот на возраст од 47 години хоспитализиран на 21 мај а вториот на 70 годишна возраст хоспитализиран завчера.

„Во денешниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) е евидентирано и бебето од Скопје кое, на барање на родителите, со авион беше транспортирано во Швајцарија каде починало. Бебето беше хоспитализирано на Детската клиника и имаше позитивен резултат на ковид-19“, дополнија од министерството за здравство.

Од направените рекордни 1.120 теста 487 се во рамките на скринингот на градинките каде е откриен еден позитивен случај - во градинка во Тетово. Од останатите 614 позитивни се 34 теста што е повторно над ппосакуваните 5 отсто.

Повторно најголем број од новите случаи на заболени се во Скопје, вкупно 22. По општини најмногу има во веќе критичната Чаир - пет случаи, тројца во Бутел, по два случаи во Сарај, Аеродром, Шуто Оризари, Ѓорче Петров и Илинден и по еден нов случај во Гази Баба, Студеничани, Сопиште и Кисела Вода.

Од почетокот на епидемијата во Македонија заболени се 2.164 лица од кои оздравеа 1.535. Во моментов од активните 498 случаи најмногу се во Скопје - 248, во Тетово има 75, во Куманово се регистрирани 44 случаи, Прилеп - 41, во Велес има 29, во Штип се регистрирани 27 а во Струга има 11 активни случаи.

Во последните три дена во Македонија се регистрирани 125 нови случаи и над десет починати а најголем дел се во некоилку критични општини - Чаир, Гази Баба, Сарај и Аеродром во Скопје како и Тетово и Штип каде вирусот се шири меѓу вработените во текстилната индустрија.
Токму затоа министерот за здравство Венко Филипче не ја исклучи можноста да се вратат рестриктивните мерки токму во овие општини кои се прогласени за критични.

Денеска градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, соопшти дека во оваа општина има 41 заболено лице и побара од надлеѓните да се спроведе масовно тестирање.

„Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 19 оздравени пациенти. Осуммина се од Скопје, тројца од Куманово, по двајца од Прилеп, Битола и Неготино и по еден од Тетово и Велес“, соопшти министерството за здравство.

Infektivna klinika Disease clinic Skopje coronavirus koronavirs Инфективна 6
Infektivna klinika Disease clinic Skopje coronavirus koronavirs Инфективна 6


Во моментов здравствените капацитети се далеку од исполенти а здравстениот систем е стабилен. Хоспитализирани се 125 лица од кои 26 се со тешка слика или со кислородна поддршка а седуммина се приклучени на респираторна машина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG