Според Наќе Чулев ова претставува прекршување на законите и препораките на експертската група предводена од Рајнхард Прибе која ги даде насоките за реформа на безбедносните служби.
„Оперативно техничката агенција (ОТА) била должна да овозможи директна техничка поврзаност меѓу неа и надлежната служба за спроведување на наредбите за посебни истражни мерки, во случајов соодветната организациска единица во МВР, но истото до ден денес не е направено, односно се уште Агенцијата за национална безбедност (АНБ) се уште ја има посредничката улога, што во суштина значи дека сеуште постои техничката можност АНБ да има увид во следењето на комуникациите кое се спроведува за потребите на кривични истраги“ вели техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев.