СКОПЈЕ - По два месеци полицискиот час се укинува. Владата на денешната седница донесе одлука со која од утре граѓаните можат слободно да се движат во текот на целото деноноќие на територијата на целата држава. Покрај укинувањето на забраната за движење од четврток ќе мо\е да почнат со работа кафулињата, кафеаните и рестораните а за отворањето на границите дополнително ќе се одлучува.
„Има две сиуштински причини за носењето на овие одлуки кои произлегуваат од анализите и мислењето на Комисијата за заразни болести. Состојбата со епидемијата е под контрола, бројот на активни случаи е стабилен. Зголемениот број во овие денови е резултат на непочитувања на рестриктивни мерки во претходна фаза но има јасни и познати кластери на зголемувањето. Во наредниот период ќе има нагласено влијание кон мерките за заштита од овие жариштѕа. Здравството има капацитет да се справи со ова. Втората причина се капацитетите и знаењето на здравствените работници во однос на коронавирусот кои достигнаа високо стручно професионално ниво и подготвеност. Во овие услови здравствениот систем е поставен да одговори на очекуваните тенденции. Успешно го амортизиравме првиот удар на епидемијата, во ниту еден момент не се оптовари капацитетот на системот. Висрусот е тука и нема да исчезне преку ноќ. Ќе биде тука додека не се стекне имунитет или не се најде вакцина“, рече техничкиот премиер Оливер Спасовски.
Кафулињата кафеаните и рестораните може да почнат со работа од четврток, но ќе работат само терасите. Задолжително ќе биде да има оддалеченост меѓу гостите и затоа нема да може да работат со полн капацитет и секоја маса ќе мора да има простор од 9,6 метри квадратни.
Според очекувањата на надлежените, градинките ќе почнат со работа до сердината на идниот месец откако ќе заврши скринигот.
Новина е и тоа што лицата кои во моментов се во државен карантин ќе може да заминат во домашна самоизолација ако на свој трошок направат ПЦР тест кој ќе биде негативен. За македонските државјани кои сакаат да се вратат во татковина ќе биде задолжителен негативен ПЦР тест не постар од 72 часа а истото ќе важи и за дипломатскиот кор.
Дали и кога ќе со отворат границите дополнително ќе се одлучува врз осноцва на препораките на Комисијата за заразни болести.
Сепак држењето на физичка дистанца од два метри и носењето на заштитна маска остануваат на сила.
„ Вирусот е тука и нема да исчезне преку ноќ. Ќе биде тука додека не се стекне имунитет или не се најде вакцина. Затоа граѓаните мора да ги почитуваат мерките за дистанца и заштитна опрема. Бидете свесни дека сеуште може да се заразиме. Да живееме со коронавирусот на начин на кој ќе бидеме заштитени и да го штитиме нашето и колективното здравје, така им помагаме на здравствените работниц. Оваа нова фаза на престанок не значи дека короната е победена. Пандемијата не е завршена ниту се отстранети разиците по здравејто. Вирусот е присутен и е закана по секој граанин а релативизирање е директна штета на борбата против вирусот“, предупреди Спасовски.
По три месеци борба со епидемијата, здравствениот систем не колабираше туку напротив, стекна искуство и знаење како да се справи со вирусот.
„Денеска е точно три месеци од дијагностицирање на првиот случај. Сега, по три месеци сме на раскрсница. Дали да го враќаме животот во нормала, угостителските објекти, бизнисите и границите и граѓаните да ги почитуваат мерките или доколку мерките не се почитуваат агонијата да продолжи и по неколку месеци да воведуваме повторно рестриткивни мерки.Три месеци интензивно работиме и се справуваме. Првата битка е добиена но борбата сеуште трае. Ќе мора да научиме да живееме со вирусот. Затоа попуштањето оди во пакет со т.н. „меки мерки“ - маски и дистанциа“, рече министерот за здравство Венко Филипче, кој додаде дека дел од граѓаните не покажуваат доволно свесност и не ги почитуваат мерките.
Мерките дадоа резултати, кластерите се познати под контрола а бројките на нови случаи и морталитет се во рамките на пропишаните од СЗО, смета д-р Жарко Караџовски од Инстотутот за јавно здравје.
„Од 60 до80% од кластерите да ги имаме под контрола.Тоа значи дека ги знаеме кои лица кои биле во изолација и во ниавите фамилии имаме појава на новите случаи. Факторот Р0 колку лицето може да инфицира лица кое е во непосреден контакт кај нас е 1,1 и тоа го имаме постигнато. Во 7 града има од 1 до 3 пациенти, во 5 града има активни случаи кои се под надзор во другите нема.Во овие 5 града има 20 кластери. критични се Чаир, Гази Баба и Сарај во Скопје, Велес, Штип и Тетово“, рече Караџовски.
Според него, процентот на нови случаи во рамките на тесотвите е 5,7 отсто што сепак е над препорачаните 5 отсто од СЗО а во ова бројка е вклуче и скринингот. Доколку се тргне бројот на тестотви во рамките на скрингот процетот се двиѓи околу 9 отсто што е речиси двонно од препораките на СЗО.
На прес конфренецијата техничкиот премиер Оливер Спасовски нагласи дека изборите може да се одржат и дека роковите течат по завршувањето на вонредната состојба.
„На македонската демократија и развој им требаат стабилни институции и враќање во нормален колосек на функционирање на државата. Им треба функционално Собрание. Кога ќе заврши вонредната состојба има законски рок од22 дена заспроведување наизбори и тоа е фактичка состојба. Затоа мора да се реализираат избори во првиот можен рок“, рече Спасовски.
Надлежните најавија дека ќе се прави скринг на вработените во полицијата, АРМ , ЈСП и здравствените работници. Новинарите нема да бидат вклуени во скринингот.
Facebook Forum