Линкови за пристапност

Полицискиот час почнува од недела во 11 часот до вторник наутро


Владата делумно го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за полициски час која бараше карантин од сабота навечер до вторник наутро. Задолжитениот карантин за македонските држајвани кои се враќаат од странство се заменува негативен ПЦР тест не постар од 72 часа и домашна самоизолација

СКОПЈЕ - Карантин сепак ќе има но нема да биде како што бараше Комисијата за заразни болести. Владата предмалку донесе одлука со која целосната забрана за движење на територијата на Северна Македонија за претстојниот продолжен викенд ќе почне во недела во 11 часот и ќе трае до вторник наутро. Утре полицискиот час останува на сила и ќе почне во 19 часот а ќе заврши во недела во 5 часот. Граѓаните во недела ќе имаат неколку часа да ги набават основните намирници за следните 42 часа кои ќе ги минат во своите домови.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски соопшти дека одлуката се базира врз препораките на Комисијата за заразни болесги и моменталната состојба во државата.

„Следејќи ја моменталната епидемиолошка состојба со Ковид-19, како и препораките на Комисијата за заразни болести, на денешната владина седница донесовме одлука за зголемена рестрикција на движењето на граѓаните за време на претстојниот празничен викенд. Се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24 мај, во 11:00 часот до вторник, 26 мај, до 05 часот. Во сабота, на 23 мај, забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19 часот до 05 часот наутро“, соопшти Спасовски.

Комисијата завчера достави предлог до Владата, полицискиот час однонсо целосната забрана за двиѓење да почне во сабота во 19 часот и да трае до вторник до 5 часот наутро односно непрекинати 58 часа.

Додека Владата размислуваше каква одлука да донесе Исламската верска заедница (ИВЗ) соопшти дека се противи на полициски час поради верските обреди за празникот Фитр Бајрам и обвини за притисоци од МВР што беше демантирано од министерството и министерот Чулев.

„Во оваа пригода, уште еднаш потенцираме дека ИВЗ ќе остане верна на својата одлука за обавување на молитвата на Бајрами во џамиите заедно со своите верници која ќе трае само 15 минути, притоа водејќи дополнително внимание да се почитуваат правилата на однесување и обезбедување на мерките за заштита од пандемија“, соопшти ИВЗ.

Премиерот Спасовски дециден - никој не е над државата.

„Од државата нема посилен никој. Ни политичар, ни функционер, ни верски лидер, ни институција. Никој, апсолутно. Државата е таа која што ги носи одлуките и таа е која што управува со системот во вакви ситуации. Така да воопшто, ако некој мисли дека ќе врши притисок по разно-разни основи, не знам, ако му паднало на памет, може и нема таков притисок, треба да знае дека преку притисок нема да издејствува ништо“, изјави Спасовски.

На денешната седница Владата донесе одлука со која се укинува задолжителниот државен карантин за македонските државјани кои се враќаат од странство како и за странските кои влегуваат во државата. Отсега задолжителна е потврда за негативен брз ПЦР тест не постара од 72 часа а потоа следува домашна самоизолација.

„Со новите промени доколку лицата кои влегуваат на територијата на Република Северна Македонија приложат ПЦР тест за коронавирусот КОВИД-19 направен во последните 72 часа пред да влезат на територијата на Република Северна Македонија, наместо во задолжителен државен карантин, се упатуваат во задолжителна домашна самоизолација. Наместо задолжителен државен карантин, задолжителна домашна изолација се определува и за странци за кои Главниот координативен кризен штаб одлучува во случаи на постоење на државен или економски интерес, и кои ќе приложат соодветна медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР тест“, соопштија од Владата.

Во последното деноноќие се регистрирани 23 нови случаи на заболени од Ковид-19а еден пациент ја загуби битката со вирусот со то бројката на жртви сега изнесува 112. Станува збор за 47 годишен жител на Тетово со хронични заболувања кој вчера бил хоспитализиран во Градската болница „8 септември“.

„ Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 9 оздравени пациенти и тоа по тројца во Скопје и во Велес и по еден во Струга, Кочани и Прилеп“, соопштија од министерството за здравство.

Во моментов активни се 422 случаи од вкупни регистрираните 1.921 заболен од короа вирус. Најмногу активни случаи има во Скопје - 178 каде се откриени нови кластери. Во Тетово се заболени 76 лица, во Прилеп има 56 активни случаи, во Велес - 49 а во Куманово има 27 заболени.

Во последното деноноќе се направени 702 тестирања од кои 365 теста се во рамките на скринингот на градинките. Бројката на нови случаи сеуште е над 5 отсто од вкупниот број на направени тестови.

Според официјалните податоци на Институтот за Јавно здравје на Инфективната Клиника, во Градската болница и во Клиниките во Битола, Штип и инфективните одделенија хоспитализирани се 129 пациенти од кои седуммина се приклучени на респираторна машина, шест се со потешка слика а 32 се со кислородна поддршка.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG