Линкови за пристапност

Повторно карантин - Комисијата за заразни болести предложи продолжен полициски час за претстојниот викенд


За двата празници, Рамазан Бајрам и Свети Кирил и Методиј граѓаните ќе останат дома. Карантинот ќе почне во сабота навечер и ќе трае до вторник наутро. Барањето е веќе доставено до Владата која треба да ја потврди проценката на епидемилозите

СКОПЈЕ - Педесет и осум часа ќе трае карантинот кој денеска го побара Комисијата за заразни болести како мерка да се спречи натамошното ширење на епидемијата на коронавирус во државата. Од Комисијата образложуваат дека олабавувањето на мерките не ги исполнило очекувањата и граѓaните не се придржувале до препораките и мерките на Владата што се потврдува низ дневните статистики на новозаболени.

Ова го потврди и министерот за здравство, Венко Филипче, кој додаде дека повеќе пати апелирал да се почитуваат меркитеа институциите кои имаат ингеренции мора да работат поодговорно и поинтензивно на терен.

„Проценките се дека најголем процент од новите случаи на заболени од коронавирус во изминатите денови се од приватни и семејни собири. Поради непочитувањето на мерките, сметаме дека само вакви ригорозни чекори може да дадат ефект. За сите други рестрикции, како што е отворањето на угостителските објекти или укинување на полицискиот час, Владата ќе одлучува следната седмица“, изјави министерот Филипче.

Според распоредот Владата треба да заседава утре, но не се исклучува можноста во текот на денот да биде закажана седница на кој повеќе од веројатно е дека ќе се разгледува и усови барањето на Комисијата за заразни болести.

„За денеска сеуште нема закажано седница на Владата. Кога ќе биде закажана и која ќе биде дневниот ред дополнително ќе ве известиме“, зијави Муамет Хоџа, портпарол на Влада.

Во последното деноноќие се регистрирани 19 нови случаи на зболени од коронавирус како и четири жртви со што бројката на починати се искачи на 100 лица. Во Градската болница „8 септември“ починаа шеесет и петгодишна скопјанка хоспотализирана на 11 мајс,седумдесет и едногодишен скопјанецхоспиотализиран на 16 мај и седумдесет и тригодишен тетовец кој е примен на 11 мај. На Инфективната клиника пак почина четириесет и едногодишен приепчанец кој повеќе од 40 дена бил хоспитализиран во клиниката.

„ Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти. Седуммина се од Скопје, по тројца од Тетово и Неготино и по еден од Куманово, Велес и Кочани“, соопшти министерството за здравство.

Од почетокот на епидемијата во државата се регистрирани 1.858 заболени од коронавирус од кои 1.367 се одзравени а активни случаи во моментов има 381. Најголем број се во Скопје - 145, во Тетово има 63 заболени, во Прилеп - 59, во Велес - 53, а во Куманово 22 лица.

Во моментов хоспитализирани се 133 лица од кои шестима се на респиратор а дваесет и четворица се со потешка слика или со кислородна поддршка.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG