Линкови за пристапност

Американските акции скокнаа по оптимистичките вести за можна вакцина против коронавирусот


Американските акции пораснаа во понеделникот откако биотехнолошката компанија „Модерна АД“ соопшти дека првичните тестови за можна вакцина против коронавирус дале поволни резултати на мал примерок на луѓе.

Индексите „Дау Џонс“ и С & П 500 скокнаа околу 3%.

Модерна соопшти дека започнува големо клиничко испитување во јули за да се утврди дали вакцината функционира


Во меѓувреме, акциите на „Модерна“, со седиште во источната држава Масачусетс, се искачија на 82,93 долари по акција, откако компанијата го објави своето испитување во прва фаза за можна вакцина против коронавирус, што покажа позитивни резултати со цел да се спречат нови инфекции.

Првичниот тест на компанијата опфати само осум пациенти, но Модерна соопшти дека започнува големо клиничко испитување во јули за да се утврди дали вакцината функционира.

Претседателот Доналд Трамп изјави дека вакцината може да биде достапна до крајот на 2020 година, но некои здравствени експерти изразија скептицизам во врска со таквата временска рамка.

XS
SM
MD
LG