Нема договор за датум на парламентарните избори – лидерите не успеаја да дојдат до консезус на денешната средба во кабинетот на шефот на државата. Главното несогласување било меѓу владејачкиот СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
,,Ставовите на двете најголеми партии се забетонирани, едните се за крајот на јуни, другите се за крајот на август и почетокот на септември,, вели Зијадин Села, претседател на Алијанса за албанците.
,,Денеска не определивме датум за изборите. Изгледа дека сме во еден лавиринт на здравствени, правни, но и политички прашања,, вели претседателот на Алтернатива, Африм Гаши.
Лидерот на клучната албанска партија во владината коалиција повика на одговорно однесување во ситуација на коронакриза, но и немање собрание кое е распуштено од февруари.
,,Многу е важно да сме одговорни во оваа состојба, свесни сме дека немаме собрание и дека државата ја води техничка влада. Не ни треба политизација и партизација во оваа ситуација,, вели претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Опозицијата наспроти предлогот на власта за избори на крајот на јуни предлага 3 датуми – 23, 30 август и 13 септември – образложението на Мицкоски е дека во тој период е помала опасноста од коронавирусот.
,,Имаше ултиматум од Заев, но ние не прифаќаме ултиматуми. ВМРО-ДПМНЕ опстојува на овие три датуми,, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
СДСМ вели избори треба да има според утврдените рокови кои почнуваат да течат по завршувањето на вонредната состојба.
,,22 дена по завршувањето на вонредната состојба е 21 јуни. Се уште има можност за договарање,, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
На денешната средба не се конкретизирал датум за идна лидерска средба на која би се разговарало за прашањето за избори.
Facebook Forum