Вратата на Унијата е отворена за Западен Балкан - регион кој има европска перспектива. Тоа е пораката од денешниот Самит меѓу земјите-членки на ЕУ и шесте држави од Балканот.
ЕУ е подготвена да поддржи реформски и европски напори на сите наши соседиАндреј Пленковиќ, Премиер на Хрватска / Претседавач со ЕУ
Средбата, која поради коронакризата, се одржа преку видео-конференција ја потврди политиката на напредок во интеграциите според постигнувањата на секоја од апликантките, пред се во клучните области како владеење на правото, но и финансиска поддршка од Брисел од повеќе од 3 милијарди евра за балканските земји за справувавње со последиците од Ковид-19
„Пораката на овој состанок, што се одржува на моја, на иницијатива на Хрватска, е дека ЕУ е подготвена да поддржи реформски и европски напори на сите наши соседи, не само во контекст на мартовските одлуки на Советот на ЕУ за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија, туку и порака за Босна и Херцеговина на која сакаме да и помогнеме на патот на реформи, како и поддршка на преговорите меѓу Србија и Косово. Пораката на ЕУ е и дека финансиски се поддржуваат сите 6 соседни земји во справувањето со Ковид-19“ изјави Андреј Пленковиќ, Премиер на Хрватска / Претседавач со ЕУ.
Во документот што произлегува од овој Загрепски самит меѓудругото се повикува и на одржување добрососедски односи, а се нотира и потребата од имплементација на, за земјава клучните договори, Преспанскиот со Грција и оној за добрососедство со Бугарија – соседот со кој релациите во овој период се напнати поради притисокот на Софија за затвоарње на историските прашања брзо и на начин на кој неа би и одговорало.