Линкови за пристапност

Уставниот суд не ги врати пратениците во собраниските клупи


Собранието повторно ќе заседава откако ќе се избере нов пратенички состав. Уставните судии нема да одлучуваат ни по иницијативата за оценување на уставноста на првата одлука за прогласување на вонредна состојба која ја донесе претседателот Стево Пендаровски бидејќи таа веќе не е на сила

СКОПЈЕ - Парламентот останува распуштен и пратениците нема да седнат во собраниските клупи бидејќи Уставниот суд на денешниот колегиум ја одби иницијативата на судијата Осман Кадриу повторно да се оценува уставноста и законитоста на иницијативата за распуштање на Собранието. Тоа значи дека Собранието ќе остане распуштено и нема да заседава се до формирањето на новиот пратенички состав однонсно по паарламентарните избори без разлика кога тие ќе се одржат.

Во образложението на предлогот уставниот судија Кадриу наведе дека треба да се преиспита уставноста на одлуката за распуштање на Собранието бидејќи целта не е постигната односно предвремените паралментарни избори закажани за 12 април не се одржаа но и бидејќи нема кој да ги контролира одлуките на техничката Влада предводена од премиерот Оливер Спасовски.

По дискусијата на колегиумиот уставните судии едногласно го отфрлија предлогот на колегата Кадриу кој и самиот гласаше против.

Од Уставниот суд соопштија дека тие веќе донеле одлука околу уставноста на распуштањето на Парламентот.

„ Судиите на Уставниот суд одржаа работен состанок на кој беше разгледана иницијативата на судијата д-р Осман Кадриу за поведување постапка по службена должност за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Северна Македонија .По дискусијата од страна на сите судии, судиите едногласно зазедоа став дека не постојат услови за прифаќање на иницијативата. Ова е од причина што во случајот станува збор за пресудена работа што значи дека Судот веќе се изјасни за уставноста и законитоста на оваа одлука на Собранието во предметот У.бр.40/2020, на седницата одржана на 8 и 15 април 2020 година, кога со мнозинство гласови одлучи да не поведе постапка за оценување на нејзината уставност и законитост“, соопштија од судот.

На денешната седница на Уставниот суд ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на првата одлука на претседателот Стево Пендаровски за прогласување вонредна состојба на територијата на целата држава, која беше донесена на 18 март, а беше во сила до 16 април.

Образложението е дека иницијативата е беспредметна бидејќи оваа одлука веќе не е во сила.

По денешната одлука на Уставниот суд сите погледи се свртени кон лидерската средба која треба да се одржи кај претседателот Пендаровски а на која ќе се разговара за можниот термин за одржување на предвремените парламентарни избори. Владечката СДСМ јасно стави до знаење дека е за брзи избори во првиот можен термин бидејќи според нив потребно е во државата да има функционални институции и не треба да се чека до есен бидејќи постоти опасност од нов пик на епидемијата на коронавирусот.

Од друга страна пак опозициската ВМРО - ДПМНЕ е против брзи избори во јуни бидејќи приоритет за нив била економијата и здравјето на граѓаните а како прв моѓен термин за нив е прфитливо во првата половина на јули.

Од ДУИ денеска соопштија дека за нив е потребмо да се исполант два услови за да има избори без разлика на термиот. Првиот услов е изборите да бидат одобрени од Комисијата за заразни болести а вториотОБСЕ да констатира дека можат да ги следат изборите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG