Линкови за пристапност

Светските лидери настојуваат да соберат осум милијарди долари за развој на вакцина за Ковид-19


Лидери од цел свет денеска одржаа виртуелен самит со цел да бидат собрани милијарди долари за финансирање на истражување за вакцина за коронавирусот, како и развој на нови третмани и унапредување на тестирањата.

Европската комисија беше организатор и домаќин на настанот од нејзиното седиште во Брисел, додека виртуелно беа повикани лидери од целиот свет. Претседателот на Комисијата, Урсула фон дер Лајен изјави дека светот мора да ги здружи своите ресурси за да почне да работи на вакцини, дијагностика и третмани против коронавирусот.

Европската комисија беше организатор и домаќин на настанот од нејзиното седиште во Брисел


Таа рече дека целта е да се собере почетна сума од осум милијарди американски долари со што ќе се помогне да се „засили“ работата на вакцини и третмани.

Јавувајќи се од Германија, канцеларката Ангела Меркел вети 573 милиони американски долари, велејќи дека виртуелниот самит испраќа „сигнал на надеж“. Таа нагласи дека пандемијата е „глобален предизвик за кој се потребни глобални решенија“.

Британскиот премиер Борис Џонсон, кој и самиот прележа КОВИД-19, вети придонес од Велика Британија во износ од 482 милиони американски долари и потсети дека за еден месец Велика Британија ќе биде домаќин на уште еден самит во име на Глобалната алијанса за вакцини и имунизација.

Јапонија вети 834 милиони долари, а придонес најавија и Канада, Франција, Индија, Израел и Шпанија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG