Линкови за пристапност

Брзи избори - нов судир меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ


Двете најголеми политички партии со дијаметрално спторивни ставови околу организирање на избори по укинувањето на воредната состојба. За ова ќе се разговара на лидерската средба кај претседателот Пендаровски. Филипче дециден, Комисијата за заразни болести ќе одлучи кога е безбедно да се одржат

СКОПЈЕ - Предвремени парламентарни избори во јуни е прашањето за кое повторно се судрија владеачката СДСМ и опозициската ВМРО - ДПМНЕ. За власта е прифатливо и потребно огранизирање на брзи избори по укинувањето на вонредната состојба а како можен тремин се наведува јуни додека за опозицијата смета дека засега нема фер и демократски услови и фокусот треба да биде на пандемијата на коронавирусот и економијата.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска изјави дека е потребно да се одржат избори веднаш што ќе се укаже првата можност бидејќи наесен е можно повторно да се појави епидемија на вирусот.

„Треба да бидеме сите свесни дека во услови кога нема парламент, во услови на одложени избори, кредибилитетот на управување на државата мора да биде поткрепен со одлука на граѓаните и пренесување на нивните права. Мојот став е дека прво треба будно и внимателно да следиме како одминува кризата. Она што јас го очекувам е Република Северна Македонија да ја зграпчи првата можност кога може да оди на избори зашто не знаеме кога ќе има втора можност. Светот зборува, и нашите експерти го кажуваат тоа, дека можно е есента да се случи повторен пик на вирусот“, рече Заев.

Тој додаде дека најважно е здравјето на граѓаните и затоа можниот термин ќе го дадат надлежните здравствени институции и комисии ако оценат дека постојат услови за одржување на изборите.

Лидерот на опозициската ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, остро се спротивстави на евентуалното одржување на брзи избори наредниот месец. Тој кажа дека изборите не се приоритет за неговата партија туку здравјето на граѓаните иекономијата.

„Има политичари кои сакаат да го ублажат поразот на следните парламентарни избори кога и тие да се случат и со тоа не водат сметка за здравјето на граѓаните и за економијата. Во првите три проиритети на ВМРО-ДПМНЕ не се избори. Ниту мене лично, ниту на ВМРО-ДПМНЕ ни треба власт по цена на човечки животи. Прво да ги санираме последиците од пандемијата, а потоа да одиме на избори“, изјави Мицкоски.

Тој потенцираше дека избори ќе им кога ќе се обезбедат фер и демократски услови и дека е убеден во победата на неговата партија.

„Ниту јас сакам бидам мандатар, а ниту ВМРО-ДПМНЕ да биде мандатар, а истовремено да ги брои илјадниците заболени од вирусот и десетиците кои ќе ги изгубат своите животи. Избори ќе се случат тогаш кога ќе има услови за фер и демократски избори. ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на тие избори и ВМРО-ДПМНЕ ќе формира влада која ќе ги санира сите последици кои што се резултат на оваа пандемија која што завладеа и тоа не треба да се грижат граѓаните“, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО - ДПМНЕ очекува на лидерската средба која треба да се одржи викендов или наредната недела да се постигне договор како ќе функционира државата и институциите без да се спроведат избори во јуни.

Вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шеќеринска на иста линија со партискиот лидер Заев. За неа е клучно штом се создадат услови да се организираат и спроведат избори за да се обезбеди целосно функционирање на институциите и државата да сеподготви за вториот бран на епидемијата.

„Одлуката ќе ја носиме низ консултации. Сметаме дека врвна одговорност е државата да обезбеди целосно функционирање на своите институции и да се подготви за вториот бран на епидемијата. Затоа нашиот став беше веднаш штом ќе се создадат услови, веднаш штом епидемијата ќе ни даде шанса да ги организираме изборите, тоа и да го направиме “, изјави Шекеринска.

Министерот за здравство Венко Филипче го повтори ставот дека избори ќе има кога Комисијата за заразни болсети ќе процени дека е безбедно да се спроведат и по однапред утврден протокол.

„Комисијата за заштита од заразни болести врз основа на своите анализи ќе препорача дали и кога ќе има услови за безбедно одржување на избори во земјава. Сакам да напоменам, што е исклучително важно – кога и да се одржат изборите, тие ќе мора да се спроведат по строг протокол за заштита на здравјето на граѓаните којшто протокол, исто така, ќе биде изработен од Комисијата за заразни болести“ рече министерот Филипче.

Уставниотсуд потврди дека во среда ќе се одлучи дали Судот ќе постапува по Одлуката за распуштање на Собранието. Предлогот го доставил судијата Осман Кадриу кој бара да се оцени уставноста на одлуката со огледдека целта не е постигната односно изборите во април не се одржаа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG