Линкови за пристапност

Аеро-акробации во чест на здравствените работници


Ескадрилите за акробации, „Сините ангели“ на морнарицата и „Тандербирдс“ на воздухопловните сили во вторникот ги надлетаа Њујорк и уште неколку големи американски градови во чест на вработените во здравството и во итните служби и нивната борба со коронавирусот.

Со нивните акробации тие претставуваат инспирација со децении. Сега, за прв пат по многу години, двата тима со заеднички сили изведоа здружени летови во операцијата наречена „Америка силна“.

Воените пилоти планираат уште многу вакви акробации во формација со кои ќе ги поздрават здравствените работници, вклучително и во главниот град на САД.

XS
SM
MD
LG