Линкови за пристапност

Уставниот суд контра Влада, функционерите нема да добијат минимална плата


Уставните судии ја замрзнаа одлуката за минималец за судиите и обвинителите. Владата со остра реакција а одлуката на уставните судии ја оцени како скандалозна. Реагираше и владеачката СДСМ според која оваа одлука е директно на штета на граѓаните и ја поткопува довербата во Судот

СКОПЈЕ - Уставниот суд на денешната седница одлучи да поведе постапка против одлуката на Владата со која на функционерите ќе им се исплаќа минамална плата во висина од 14.500 денари за да се соберат средства за борба против епидемијата на коронавирус во државата. Со оваа одлука беа опфатенисите судии и обвинители, премиерот и претседателот, министрите, пратениците, директори и градоначалници а се предвидуваше тие да земат минмална плата за месеците април и мај.

Ова значи дека се додека се води постапката односно Уставниот суд не донесе одлука околу уставноста, владината уредба е времено запрена и сите функционери опфатени со неа ќе ја добиваат полната плата.

Владината одлука за ставање на минималец прва беше осудена како дискриминирачка токму од судската фела а потоа се приклучија и обвинителите. Двете здруженија реагираа со писма до Владата и бараа таа да ја повлече. Здружението на обвинители беше контра нивниот шеф - републичкиот обвинител Љубомир Јовески кој се согласи со одлуката на Владата. Тие се согласија дел од платата да биде скратена но не и сведена на минимум со образложение дека и во време на епидемија и вобнредна состојба тие имаат голем обем на работа. Судската фела пак како решеија ја понуди можноста сите судии да донираат дел од својата плата наместо да бидат ставени на минималец.


На денешната седница уставните судии замрзнаа уште две Одлуки на Владата- за исплата на плати на вработените во СЈО и за забарана за исплата на додатоци и надоместоци на плата во јавниот сектор во време на вонредна состојба.

Од Илинденска веднаш со остра реакција на одлуката на Уставниот суд. Владата ја оцени како скандалозна и разочарувачка и одлука со која се поткпопува борбата против епидемијата на Ковид-19 во државата бидејќи на овој начин ќе се собереа дополнително околу 4 милиони евра.

„Поведената постапка на Уставниот суд за поништување на кратењето на платите на функционерите, судиите и обвинителите ја поткопува солидарноста во земјата и директно штети на обезбедувањето средства за справување со КОВИД-19. Владата на Република Северна Македонија смета дека поведената постапка на Уставниот суд за поништување на Уредбата за намалување на платите на 2.060 функционери, пратеници, судии, обвинители и директори на минимална плата од 14.500 денари за април и мај, директно штети на солидарноста во нашата земја. Со оваа одлука, Уставниот суд директно спречува обезбедување околу 240 милиони денари во Буџетот на РСМ за мерки за справување со КОВИД-19“, стои во официјалното соопштение на Владата.

Владеачката СДСМ одлуката на Уставниот суд ја оцени како срамна и недозволива

„СДСМ најостро ја осудува оваа срамна одлука на Уставниот суд која е против солидарноста и на директна штета на борбата против коронавирусот, на директна штета на граѓаните.Довербата во Уставниот суд повторно е поткопана. Ја поставува неправдата како соперник во борбата против економските последици од коронавирусот. Уште еднаш, се потврдува потребата и програмската определба на СДСМ за прочистување на судството“, изјави Коста Петров, потпретседател на СДСМ.

Од друга страна пак над четири илјади граѓани доброволно се откажаа од средствата кои требаше да ги добијат од скенираните фискални сметки и парите ги пренасочија во фондот за борба против коронавирусот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG