Линкови за пристапност

Трамп: Имам „добра претстава“ како е Ким Јонг Ун


Trump and Kim
Trump and Kim

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот рече дека „има добра претстава“ како е Ким Јонг Ун.

„Да, имам добра претстава, но не можам да зборувам за тоа сега. Знам како е, релативно кажано. Му посакувам да биде добро“ рече Трамп.

Во светот се шират различни гласини за здравствената состојба на севернокорејскиот лидер – дека има шината нога, дека му била извршена операција на срцето, дека има проблеми со бубрезите, дека се самоизолирал за да го избегне коронавирусот или дека претрпел повреди за време на ракетен тест.

Северна Кореја не одговори на овие шпекулации. Државните медиуми информираат дека Ким продолжува со работа, но не нудат докази за тоа.

Јужна Кореја гласините ги нарече „лажни вести“ велејќи дека нема причина да се верува дека Ким има здравствен проблем.

37 годишниот лидер на Северна Кореја последен пат беше виден во јавност на 11-ти април.

XS
SM
MD
LG