Линкови за пристапност

Американскиот претседател ја потпиша извршната наредба со која времено го замрзна издавањето на зелени карти


Американскиот претседател ја потпиша извршната наредба со која се воведуваат рестрикции на имиграцијата во период од 60 дена.

„Ова ќе осигура невработените Американци со било какви квалификации да бидат први за вработување кога повторно ќе се отвори економијата“ рече Доналд Трамп пред новинарите. „Тоа исто така ќе ги зачува здравствените ресурси за американските пациенти“ додаде тој.

Претседателот овој потег го нарече „многу моќен“. Сепак, тој не ги вклучува неимигрантските визи вклучително и оние со кои во земјата доаѓаат сезонски работници во земјоделството.

Од неа се изземени и здравствените професионалци и богатите инвеститори кои сакаат да се преселат во земјата.

XS
SM
MD
LG