Линкови за пристапност

Филипче: Полициски час од 19 часот и задолжително носење на маски во затворени објекти


За викендите полицискиот час ќе почнува во сабота во 13 часот и ќе трае до понеделник наутро. Во банки, маркети, пошти и чекални мора да се носи заштитна опрема. На отворени простори мора да се држи дистанца од 2 метри а доколку тоа не е можно, како на пазарите, треба да се носат заштитни маски

СКОПЈЕ - Комисијата за заразни болести достави предлог до Владата за олеснување на мерките за ограничување на движењето односно скратување на полицискиот час но и задолжителна употреба на маски и ракавици за граѓаните во затворени објекти. Овој предлог би требало да се најде и разгледува на седница на Владата која ќе се одржи утре.

„Полицискиот час секој работен ден да започнува во 19 часот наместо во 16 часот како што беше досега. Со ова ќе се добијат дополнителни часови граѓаните да ги завршат обврските и да набават намирници. За повозрасните граѓани наместо од 10 до 12 часот да продолжи времето на движење од 8 часот до 12 часот а за малолетниците од 13 до 16 часот. Предлог ќе остане и за престојниот викенд но ќе почне во сабота во 13 часот и да заврши во понеделник во 5 часот. Останува забраната за групирање на граѓаните и сите други мерки кои се во сила во однос на физичката дистанца, користењето на јавните површини и парковите“, изјави министерот Филипче.

Меѓутоа Комисијата предлага воведување на нови задолжителни мерки на лична заштита и граѓаните ќе сега ќе треба да носат лична заштитна опрема на лицето при движење во затворени објекти и на отворено на места каде не може да се одржи препорачаната физичка дистанцанајмалку од два метри како што се на пример пазарите.

Според Филипче под заштитна опрема за лице ќе се подразбира каква било форма која ќе го покрива пределот на носот и устата како маска за еднократна или повеќекратна употреба, марама, шал или слично што може да ја прекрие устата и носот.

„Заштитна опрема ќе треба да се носи во сите јавни места од затворен тип како што се маркети продавници, банки, пошти, чекалници, здравствени установи каде има повеќе лица. Во однос на отворените површини заштитната опрема мора задолжително да се носи на места каде нема простор за дистанца од два метри како на пример за пазарите. Исклучок за носење заштитна опрема на отворено се прави само ако лицето носи заштитна опрема на работа која е пропишана со работното место како погони и фабрики, ако престојува во својот двор, вози велосипед или спортува на отворено и ја држи потребната дистанца од два метри и не го прави тоа во групи, во автомобил со лица со кои живее во заедница или ако се движи на јавни места и целосно го одржува дозволеното минимално растојание од најмалку два метри“, објасни министерот.

Компаниите ќе бидат задолжени во сите свои објекти, управни згради, подружници, експозитурида обезбедат носење заштитна опрема за лице за сите свои вработени и да забранат влез на лица кои немаат таква опрема.

На денешната прес конференција Филипче соопшти дека останува прогнозата дека пикот на епидемијата во државата ќе биде во наредните две недели и додаде дека се очекувало бројките на заболени да се намалат бидејќи за време на празниците биле направени помалку тестирања.

„Тоа го дискутиравме и ние и станува збор за варијации, сега е можно оваа варијација на бројот на заболени да е поради помалиот број направени тестови. Минатата недела имавме зголемување на бројот на заболени поради пристапот, се одеше кон веќе идентификувани лица кои биле во изолација, па развиле симптоми. Знаевме дека ќе се намали бројот на тестови за време на празниците, тоа беше очекувано. Затоа не сакаме да правиме проста математика бидејќи се уште не сме влезени во периодот во кој можеме да кажеме дека пикот е поминат“, рече Филипче.

Од денеска почнува со работа и лабораторијата во МАНУ, со капацитет од 100 теста дневно. Во оваа лабораторија ќе се испраќаат тестови од сите болници во државата каде се примаат пациенти на тријажа. За тестовите кои ќе бидат примени до 14 часот резултатите ќе бидат готови истиот ден во вечерните часови.

Во изминатото деноноќие направени се 207 теста. Досега во земјата се направени вкупно 12.340 тестирања на Ковид -19.

Во последните 24 часае регистриран еден смертен случај и седумина новозаболени од коронавирус во Северна Македонија. Според официјалните информации на надлежните станува збор за пациент од Лабуништа навозраст од 70 години кој почина бил хоспотализиран на 8 април во Градската болница „8 Септември“ и веднаш приклучен на респираторна машина.

„Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 излекувани пациенти кои се лекуваа во домашни услови.Станува збор за петмина жители на Кочани, по четворица од Скопје и Дебар, по тројца од Штип, Тетово и Прилеп и по еден струмичанец и кумановец“, соопштија од министерството за здравство.

Со новите 7 случаи, бројката на заболени во државата е 1.231 лица.

Гледано по градови, најмногу заболени има во Скопје - 411 а потоа е Куманово, каде првиот случај беше регистриран на 22 март, а сега има 340 заболени. Во Прилеп каде епидемијата земав замав има 117 заболени, во Тетово има 60 заболени а во Велес еден помалку - 59. Во Струга има 55 регистрирани случаи. Во Дебар бројката не е изменета - 51 случај. Во Источна Македонија град со најмногу заболени е Штип каде се регистрирани 34 случаи и Кочани каде има 28 заболени. Двоцифрен број на заболени има во уште два града, Битола каде 17 лица се позитивни на коронавирус, Охрид со 15 заболени и Гостивар каде засега има 13 регистрирани случаи.

Во моментов хоспитализирани се 122 пациенти од кои деветмина се приклучени на респрираторни машини.

На Инфективната клиника во Скопје се хоспитализирани 60 лица, од кои 18 се на кислородна поддршка, а четворица се на механичка вентилација. Во Градската болница „8 Септември“ вкупно се хоспитализирани 45 пациенти а петминасе приклучени на респираторна машина. Во болницата во Битола се хоспитализирани 13 пациенти а во штипската болница во мометов се лекуваат четворица пациенти.

Стои и седумнаесет граѓани, и покрај полицискиот час биле затекнати надвор од своите домови во последните 24 часа, соопшти МВР. 89 лица биле приведени а на 28 граѓани им се земени податоци и ќе биде доставена пријава до Обвинителството.

Во изминатото деноноќие на на 135 лица им се издадени решенија за изолација, а 53 лица потпишале изјави за самоизолација. Во контролите на полициските патроли откриени се тројца граѓан кои не ја почитувале наредбата за изолација.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG