Линкови за пристапност

Третина од заболените во државата немале симптоми на коронавирусот


Од 1.172 заболени од коронавирусот во Македонија 802 лица или 72 отсто од сите заболени се од три града - Скопје, Куманово и Прилеп , покажуваат анализите на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ)

СКОПЈЕ - Најголем број на заболени има во Скопје - 388 лица, во Куманово се регистрирани 311 заболени а во Прилеп - 103 лица. Според статистичките податоци, најмногу заболени на 100 илјади жители има во Куманово - 218 лица, потоа е Дебар со 183 лица и Прилеп со 108 лица. Во државата потврдени случаи на заболени од коронавирусот имаме во 21 град.

Од вкупниот број на заболени 194 се здравствени работници, покажуваат податоците на ИЈЗ.

Она што изненадува е податокот на ИЈЗ дека 33,8 проценти од потврдените 1.172 заболени граѓани воопшто немале симптоми на коронавирусот.

Најчести симптоми кај заболените се температура (64,3%), кашлица (54,1%), малаксаност (32,3%), треска (18,5%), главоболка (17,5%), болка во грло (15,7%) и отежнато дишење (14,1%).

Најголем број – 233 заболени се на возраст од 50-59 години или 20,9 проценти. Од пријавените случаи за кои се добиени податоци, 20,7 проценти се или биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле или се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика.


Од досега регистрираните 49 починати, 34 пациенти се на возраст над 60 годинии токму во оваа категорија е највисок морталитетот – 8,9 лица на 100.000 жители. Од починатите, кај 36 лица или 73,5 птоценти се регистрирани коморбидитети.

Досега, 139 случаи се водат како оздравени а 13 од нив се здравствени работници. Тие сеиспишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување а според официјалните информации, направени се 10.859 теста.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека ризикот за понатамошно ширење на ЦОВИД-19 во Република Северна Македонија е многу висок

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG